ПОВЕЌЕ

    Берзата го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

    Време зa читање: 2 минути

    Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје одлучи продуктот за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО до 30.09.2021 година.

    Апликацијата eTrader е наменета за инвеститорите во хартии од вредност и овозможува давање електронски налози за тргување и комплетен увид во тргувањето кое е извршено преку членките на Берзата – банки и брокерски куќи.

    Aпелираме до сите инвеститори што помасовно да ги користат електронските налози за тргување, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader.

    Бесплатното користење на овој продукт од страна на инвеститорите, Берзата и нејзините членки го овозможија непосредно по прогласувањето на пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19, односно почнувајќи од 26.03.2020 година.

    По бесплатното користење на eTrader во третиот квартал од  годинава, Одборот на директори на Берзата одлучи од 01.10.2021 година  да започнат да се применуваат комерцијалните услови за користење на овој продукт согласно важечкиот Тарифник на Берзата, освен доколку не дојде до нарушување на тековната епидемиолошка состојба.

    За подетални информации околу користење на eTrader ги упатуваме инвеститорите да се обратат кај својот брокер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично