ПОВЕЌЕ

    „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ го доближува врвното здравство до пациентите

    Време зa читање: 3 минути

    По примерот на европските и светските медицински центри, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, од 9 септември, започнува нов пристап на наплата за здравствените услуги. Со овој модел, цената за иста услуга во болницата ќе има две ценовни категории и ќе зависи од изборот на специјалистот, кој ги изведува прегледот или интервенцијата. Поделбата на докторите е направена во согласност со академската титула, долгогодишното клиничко искуство, бројот на изведени процедури, како и достапноста на докторот.

    Промената на цените на услугите ќе важи за прегледите и интервенциите што ќе бидат закажани почнувајќи од 9 септември. За пациентите што веќе имаат закажано термин за хируршка интервенција пред овој датум, ќе важат цените што биле валидни во периодот на закажување на интервенцијата.

    Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е  дел од втората најголема групација на болници во светот и 25 години е лидер во здравствениот сектор во земјава и регионот. Повеќе од 1 милион регистрирани пациенти зборуваат за довербата во тимот и успехот во лекување на пациентите. Секој пациент, независно од изборот на докторот, добива врвна здравствена нега во согласност со највисоките JCI-стандарди за безбедност и квалитет. Целокупниот тим доктори се внимателно селектирани врвни професионалци, кои работат според светски протоколи, посетуваат континуирани стручни едукации во референтни медицински центри и секој од нив е еднакво посветен на грижата за пациентите. Дополнителна предност во третманот на пациентите е поддршката од целокупниот систем на болницата, можноста за користење на најсовремена медицинска технологија за дијагноза и третман, како и мултидисциплинарен пристап во одлуката за лекување.

    „Секој пациент во нашата болница добива еднаков пристап базиран врз искуство, доверба и грижа. Она што ја издвојува нашата болница е посветеноста на целиот тим доктори, сестринската грижа, најсовремените стандарди и услови за болничка нега. Токму во тоа е и предноста на пациентите сега што истата квалитетна грижа, во зависност од изборот на доктор, ќе имаат можност да ја добијат за намалени цени. Главната цел со новиот пристап е да ја направиме нашата здравствена грижа што подостапна“, изјави д-р Емилија Мирчевска, медицински директор на „Аџибадем Систина“.

    Нова патека на прием и насочување на пациентите во Ургентен центар

    Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница во државата која располага со најсовремен Ургентен центар за возрасни и Ургентен центар за деца, кои обезбедуваат здравствена грижа на итни состојби од сите области на медицината, вклучувајќи над 40 медицински гранки. Почнувајќи од септември, болницата воведува и нова патека на прием и насочување на пациентите во ургентните центри, која ќе овозможи брз и навремен третман по примерот на светските центри за ургентна медицина.

    Сите потребни информации за изборот на лекарот и цената на услугата, пациентите може да ги добијат преку официјалниот број на Контакт-центарот на болницата 02/3099500, достапен 24 часа секој ден во неделата, како и на информативните пултови во болницата. Од овој месец, во болницата е отворена и канцеларија за информации за цени, каде што пациентите може да се консултираат и да добијат детална информација за своето барање.

    „Аџибадем Систина“ е посветена на постојано подобрување и иновации во здравствената заштита. Ваквиот пристап на лекување, со можност за избор на лекар и цена на услуга, е практика во големите светски реномирани болници како Mayo Clinic, Cliveland Clinic и голем број европски медицински центри, меѓу кои и болниците на здравствената групација „Аџибадем“. Болницата продолжува да ја негува транспарентноста во комуникацијата и го унапредува системот на здравствена грижа, кој во главниот фокус ги става потребите на пациентот.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично