Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, одлучи да го забрани увозот на руска нафта, природен гас и јаглен, заострувајќи ги санкциите кон руската економија како одмазда за нејзината инвазија на Украина. „Увозот на нафта и други руски енергенси ќе ѝ нанесе уште еден удар на воената машинерија на Путин“, рече Бајден. Овој потег уследи по барањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски до американските и западните официјални лица да го прекинат увозот на руска нафта.
Извозот на енергенси одржува стабилен проток на готовина во Русија и покрај, инаку, сериозните ограничувања на нејзиниот финансиски сектор. Експертите предупредуваат дека сега може да се очекува дополнителен скок на цената на нафтата ширум светот. Бајден додаде дека цената ќе ја платат сите, во смисла на поскапо гориво.
„Тоа може да се случи. Реков дека ќе бидам искрен со американскиот народ од самиот почеток. Кога првпат зборував за тоа, реков дека одбраната на слободата ќе чини пари. Ќе не чини и во САД. „Републиканците и демократите го разбираат тоа подеднакво и јасно им е дека мораме да го сториме тоа“, рече Бајден.