ПОВЕЌЕ

    Адико банка е наградена за најдобра европска иновација

    Време зa читање: 2 минути

    Единствената виртуелна филијала на Адико банка беше прогласена за најдобра банкарска иновација во Европа и токму поради тоа на свечена церемонија во Прага на банката и беше доделена награда за Најдобра иновација (Best Product Innovation) на Retail Banking Europe Awards 2019.

    Retail Banking Europe Awards се доделуваат на најистакнатите и најиновативни банкарски институции и исто така, им се доделува признание за најдобри банкарски практики во работењето со население во Европа, пренесува порталот Privredni.hr.

    Меѓународното жири ја оправда својата одлука да ја избере Виртуелната филијала на Адико со успешно претставување на нов производ / услуга, која преку воведување на уникатен сервисен производ и иновативно користење на традиционални и современи дигитални канали, ја подобри банкарската пракса и придонесе за деловноста на банката со тоа што ќе се разликува на релевантен начин.

    Адико банка во февруари 2019 година ја воведе Виртуелната филијала „Адико“, првата дигитална филијала во Хрватска која на клиентите на сите банки им обезбеди целосен дигитален кредитен процес, без да мора да одат во обична филијала за отворање на тековна сметка или за аплицирање за кредит. Целиот кредитен процес од почеток до крај, од апликацијата до самото одобрување и дигиталниот потпис на документацијата е во потполност онлајн.

    „Живееме во многу конкурентно време кога еден лидер е под константен притисок на многу брзи, дигитални и иновативни предизвикувачи. Победникот во банкарството ќе биде оној кој на своите корисници ќе им понуди едноставни, брзи и модерни услуги кои одговараат и ги задоволуваат нивните потреби. Клиентите денес сакаат многу повеќе, бараат побрзи и подобри производи и услуги и очекуваат непречено дигитално корисничко искуство. Виртуелната филијала на Адико банка ги нуди сите овие услуги. Тоа е дигитална трансформација на банкарската работа и ние сме горди што го претставивме банкарството на иднината, достапно и денес“, изјави Реља Марковиќ, извршен директор за дигитална трансформација во Адико банка во Хрватска, за време на доделувањето на наградата.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично