Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „проф.д-р Ванчо Чифлиганец“ со Адора Бизис Групацијата, како главни партнери во заедничка хумана мисија отворија нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор и покажаа дека хуманоста нема граници. Се работи за нова градинка во рурална средина во општина Чајетина во Србија и е дел од проектот на Фондацијата Новак Ѓоковиќ да се развијат и да не се отселуваат луѓето од помалите места. Градинката во селото Љубиш, кое се наоѓа на само неколку километри од Златибор е 46-та по ред ново отворена градинка чија цел е да им се обезбеди на децата од предучилишна возраст од помалку развиените средини да можат да учат и да играат во безбедна и креативна средина.
На отворањето на градинката присуствуваа градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кој им се заблагодари на двете Фондации за хуманата мисија, во името на жителите и децата од селото Љубиш, чија радост беше огромна. Благодарница до главниот партнер во оваа хуманитарната акција, менаџментот на Адора, проф.д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец им врачија лично, Новак и Јелена Ѓоковиќ.
„Една детска насмевка вреди повеќе од сè на светот“, истакна Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, потенцирајќи дека е огромна чест да се соработува со Фондација од глобален ранг и со семејството Ѓоковиќ, а среќата и задоволството што се овозможува подобро образование во најраната возраст, чиj квалитет е клучен за подобро утре, се неизмерни.
Со соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф.д-р Ванчо Чифлиганец ја продолжуваат општествено корпоративната традиција секогаш да враќаат нешто назад во средините во кои имаат деловни активности.
Адора како растеше во изминативе 20 години постојано инвестираше во градењето на подобро општество за сите, вложувајќи повеќе од 5 милиони евра во спортот, здравството, културата, образованието. Филантропската мисија на Адора, продолжува и во Србија, Златибор, каде што Адора Бизнис Групацијата и нејзината новоформирана компанија, претставник на српскиот пазар, Adora Living Solutions го градат станбено деловниот комплекс од 7.000 м2, под називот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora“.
Комплексот има 100 стана, надополнети со голем број содржини за планинско уживање, базен, спа и велнес центар, ресторан, теретана, двор за релаксација, детска игротека, конференциска сала, инвестиција вредна 15 милиони евра во двете насоки.