Вкупно 19.598.878 евра ќе треба да вратат фирмите и физичките лица кои вршат самостојна дејност за примената поддршка за плати и придонеси добиени лани во април мај и јуни и октомври ноември и декмеври, соопшти денеска на прес конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Лани преку мерките на владата кои се реализираа преку Управата за јавни приходи се исплатени вкупно 135.344.818 евра, а фирмите и самостојните вршители на дејност ќе треба да вратат само 14, 7 отсто од овој износ.– рече Лукаревска.
Таа соопшти дека враќањето на парите ќе се врши согласно пресметките кои ќе ги направи Управата за јавни приходи и на три рати без камата.Ќе се реализира два пати во годинава во месеците кога е земена и помошта односно април, мај и јуни и октомври ноември и декември.
За враќање на парите добиени како субвенција за социјални придонеси придонеси се 2.077 барања од фирми и 358 барања од самостојни вршители на дејност.
Лукаревска рече дека службите во УЈП ќе ги почнат пресметкита за комплетираните барања и според законските критериуми за распределба на поддршката.
-Враќањето на парите ќе се пресметува според остварените резултати на фирмите и тоа во највисок износ до 50% од остварениот финансиски резултат пред оданочување на 2020. За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, највисок износ на враќање е до износот од 50% од финансиски резултат пред оданочување искажан во Билансот на успех за 2020. Самовработените лица враќањето е најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат – рече Лукаревска.