ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2022

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје започнa со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец мај 2022 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

    Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 2.6.2022 г. (четврток)), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата во експозитурите и филијалите ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:

    • 2-ри јуни (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
    • 3-ти јуни (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Од Банката препорачуваат средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa  во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

    Корисниците кои имаат бесконтактни Visa и Mastercard® дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари, посочуваат од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично