„Галичка свадба“ е вистинска прослава на младоста, љубовта и плодноста, која се одржува стотици години наназад и во која се собрани традицијата и нашата култура. Токму затоа Комерцијална банка со задоволство и годинава ќе биде спонзор на „Галичката свадба“, која ќе се одржи од 15 до 17 јули во Галичник.
Годинашните среќни младенци ќе бидат Елена Дуровска и Илчо Димитров, а илјадници гости и посетители ќе уживаат во секој миг од ова несекојдневно доживување. Нека удри тапанот, нека засвират зурлите, цела Бистра нека ечи од песна и радост! Нека е за многу години!