ПОВЕЌЕ

    Промотивна понуда на потрошувачки кредит од Стопанска банка АД Скопје со подарок домаќинско осигурување

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје од 5.10.2021 до крајот на 2021 година ги промовира потрошувачките кредити до 25.000 евра со интересна комбинација која вклучува подарок домаќинско осигурување за првата година и 100% попуст на административните трошоци.

    Оваа комбинација на кредитни и осигурителни производи им додава вредност на корисниците, овозможувајќи им да ги увидат предностите кои ги носи обезбедувањето, а потоа и да продолжат да го користат по преференцијални услови преку филијалите на Стопанска банка АД – Скопје.

    Имотното домаќинско осигурување е дел од осигурителните производи достапни во филијалите на Стопанска банка веќе трета година. Како најголема продажна мрежа за осигурителни производи Банката успешно го развива овој модел на соработка и обезбедува подобри услови за своите клиенти.

    Стопанска банка АД – Скопје ги повикува клиентите да се информираат за понудата online, во филијалите на Банката или на 15110 Ало кредит при што може да добијат пример пресметка и совет како и да поднесат апликација. Со комплетна и уредно доставена документација, кредитот може да биде исплатен и во истиот работен ден.

    Детални карактеристики за производот, ценовни услови и калкулатор за пример пресметки се достапни на веб страницата на Банката.

    Дознајте повеќе за актуелните промотивни понуди достапни од 5.10. до 31.12.2021 година.

    Извор: Банкарство.мк

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично