„Поетската ноќ во Велестово“ годинава повторно ќе ја прикаже совршеноста, длабочината и магијата на поетскиот збор преку своето 35-то издание. Комерцијална банка, како долгогодишен спонзор на оваа манифестација, останува партнер на македонското културно творештво затоа што така помагаме за создавање врвни дела и богато наследство.
Во Велестово оваа година ќе се портретира македонската поезија пишувана од жени, а ќе се одбележи и враќањето на европскиот елен на Галичица, кој во минатото беше речиси истребен.
Оваа поетска манифестација традиционално ја промовира културата во руралните средини со учество на домашни и меѓународни поети, сликари и музички уметници.