ПОВЕЌЕ

    Нови online сервиси за i-bank корисниците на Стопанска банка АД – Скопје

    Време зa читање: 3 минути

    Стопанска банка АД – Скопје одговарајќи на зголемениот број на корисници на i-bank дигиталните услуги (електронско, мобилно и телефонско банкарство) овозможи платформа преку која клиентите можат самостојно и 24/7 да:

    • се регистрираат и станат нови корисници на i-bank услугите;
    • побараат користење на софтверски токен за плаќања преку i-bank услугите;
    • добијат нова лозинка при заборавање на истата и
    • бидат потсетени за корисничкото име при заборавање на истото.

    Платформата е достапна на веб страницата на Банката за сите клиенти на Стопанска банка АД – Скопје кои имаат ажурирани податоци во системот, имаат активна трансакциска сметка и платежна картичка од Стопанска банка.

    БРЗА и ЛЕСНА регистрација за добивање на корисничко име и лозинка, БЕСПЛАТНО на линкот.

    Искористете ја можноста за увид на сите ваши сметки преку i-bank сервисите.

    Плаќање и ажурирање со активирање на софтверски ОТР токен. Достапно за сите i-bank корисници кои имаат корисничко име и лозинка, а сега сакаат да вршат онлајн плаќања и да ги ажурираат своите податоци онлајн!
    Со ОТП токенот може да се плаќаат режиски трошоци, рата од кредитни производи како и трансфери на средства од сметка кон сметка, со повластени провизии. ОТП токенот заштедува на време а притоа овозможува навремено извршување на финансиските обврски и да автентицирање за онлајн ажурирање.

    За сите дополнителни прашања и услуги клиентите може да се обратат во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје или преку 24/7 Контакт центар на (02)3100 109 каде можат и во секое време да извршат ажурирање на своите контакт податоци за непречено користење на услугите на Банката.

    Дополнително, со најновите верзии на m-banking мобилната апликација достапни за iOS, Android и Huawei оперативните системи овозможено се следните нови функционалности:

    • ПРАВНИТЕ ЛИЦА можат да плаќаат налози и да се автентицираат со OTP токен
    • Дoстапен е дигитализиран Visa Vero ваучер, можност да се генерира директно од m-banking апликацијата, од менито на кредитна картичка
    • Додадено е поле РАСПОЛОЖЛИВИ СРЕДСТВА на почетниот екран, во увид на сметките. Ова поле е значајно за  корисниците на кредитна картичка и на дозволено пречекорување, затоа што ги прикажува средствата кои можат да се потрошат и се на располагање за плаќање со картичка.
    • Детален увид на VISA Business картички (изводи и дневни трансакции) и
    • Приказ на таргетирани рекламни содржини од Банката

    За i-bank услугите

    i-bank претставува пакет на иновативни канали кои ви даваат слобода сами да изберете кога, каде и како ќе ги користите банкарските услуги. Иновативните банкарски канали на Стопанска банка ќе го направат вашето секојдневие поедноставно и ќе ви овозможат да ги завршите сите обврски во најкраток можен рок. Имајте ја Банката секогаш до вас и извршувајте ги сами банкарските трансакции без разлика на времето и локацијата.

    i-bank услуги:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично