ПОВЕЌЕ

    Новиот светски поредок подразбира партнерство меѓу САД и Кина

    Време зa читање: 2 минути

    Поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер смета дека светот би можел да влезе во опасен период пред Првата светска војна, доколку САД не постигнат договор со Кина за нов глобален поредок што ќе гарантира стабилност.

    Кисинџер на настанот организиран од Кралскиот институт за надворешни работи во Лондон (Чатам Хаус) рече дека клучното прашање е дали САД и нивните западни сојузници ќе можат да постигнат договор со Кина за нов светски поредок.

    Влијателен американски дипломат е на мислење дека ако тоа не се случи и ако западните сојузници не постигнат договор со Кина за тоа прашање, некои долгорочни конфликти може да излезат од контрола. Во исто време, сојузот на двете најмоќни светски економии може да поттикне меѓусебна трговија и дополнителен заемен економски развој.

    Кисинџер истакна дека сега е многу поопасно отколку пред сто години, затоа што високотехнолошкото оружје на обете или на повлијателните страни може да доведе до конфликти од незамисливи размери.

    Ројтерс потсетува дека овој американски дипломат, сега има 97 години, влијаеше на некои од најважните настани од втората половина на 20 век, додека тој беше државен секретар на САД под претседателство на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично