ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка и Верверичката на „Златно славејче 2022“ со многу изненадувања и подароци

    Време зa читање: < 1 минутa

    Златните славејчиња и овој ноември ќе го развеселат и разнежнат Скопје, а Комерцијална банка и нејзината Верверичка ќе го збогатат детскиот фестивал со весела дружба и многу изненадувања и подароци за дечињата.

    Комерцијална банка, на свое огромно задоволство, и оваа година, по 17-пат, е спонзор на детскиот фестивал „Златно славејче“, кој традиционално е празник на детската музика и радост.

    Со своето пет децениско опстојување „Златно славејче“ претставува најстар и најреномиран детски фестивал во земјава. Во досегашната негова историја изведени се повеќе од 900 детски песни, кои станаа хитови на многу генерации, а фестивалот е и расадник на идни музички имиња кои ја освојуваат домашната сцена.

    Поддршката на музичката уметност и на амбициите и ентузијазмот на младите се општествено одговорни проекти со кои се гордее Комерцијална банка затоа што придонесуваат за создавање истакнати уметници и трајни уметнички дела уште од мали нозе.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично