ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка е добитник на признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година

    Време зa читање: 3 минути

    Комерцијална банка е добитник на уште едно значајно признание – „Македонски квалитет“ за 2025 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија, под покровителство на Претседателката на државата, Гордана Сиљановска–Давкова.

    Признанието „Македонски квалитет“ е награда за компаниите кои со своето работење даваат силен и континуиран придонес за развојот на македонската економија, истовремено афирмирајќи го македонскиот квалитет на домашниот и на меѓународниот пазар. Ова признание претставува потврда за стабилноста, одговорноста и долгорочната посветеност кон вредностите што создаваат доверба и одржлив напредок.

    Во изминатите 70 години, Комерцијална банка како доминантно македонска банка е еден од клучните столбови на финансискиот систем во земјата, обезбедувајќи значајна финансиска поддршка за македонската економија, за компаниите и за граѓаните. Преку стабилно, етичко и иновативно работење, Банката континуирано придонесува за економски раст, финансиска сигурност и унапредување на квалитетот на живот.

    Покрај својата основна дејност, Комерцијална банка има и силна и препознатлива улога како општествено одговорна институција. Преку својата корпоративна филантропија и поддршката на бројни проекти од областа на образованието, здравството, културата, спортот и социјалната инклузија, Банката дава значаен придонес за подобрување на состојбите во општеството и создавање предуслови за поголем и одржлив напредок.

    „Ова признание е уште една потврда дека вредностите врз кои ја градиме Комерцијална банка, а тоа се доверба, стабилност, одговорност и долгорочна визија, се препознаени од пошироката јавност и од стопанството. За нас ,Македонски квалитет’ не е само награда, туку и поттик да продолжиме со одговорно и континуирано вложување во економијата, во довербата на нашите клиенти и во заедницата во која живееме и работиме“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

    Како институција што седум децении е активен дел од македонското стопанство, Комерцијална банка верува дека афирмацијата на македонскиот квалитет е инвестиција во довербата, конкурентноста и во иднината на целата бизнис заедница, како и вредност што нè поврзува и нè движи напред.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично