
Комерцијална банка информира дека исплатата на пензиите започнува од петок, 30 јануари.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со средствата уште истиот ден, преку безбедно и удобно безготовинско плаќање во продавници и онлајн, како и со подигање готовина од банкоматите на банката.
За оние кои претпочитаат исплата на шалтер, пензијата ќе може да се подигне во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка од 30 јануари и секој нареден работен ден.
Банката потсетува дека мапата со сите локации на филијалите и експозитурите е достапна на официјалната веб-страница, со цел полесна ориентација и побрза услуга за корисниците.
Аналитика








