ПОВЕЌЕ

    Како да го одберете совршениот детски подарок?

    Време зa читање: 4 минути

    Доколку ги прашате родителите, речиси сите ќе бидат искрени и ќе кажат дека нивното дете има премногу играчки. Без разлика на возраста, секое дете, кога станува збор за роденденски или новогодишни подароци, добива различни играчки кои, откако по извесен период ќе ги „надрасне” или ќе изгуби интерес за нив, само се собираат на куп и создаваат неред. Затоа е многу важно да знаете како да одбрете совршен подарок за дете, подарок кој ќе се разликува и ќе го издржи тестот на времето.

    Размислете за возрастa и нивото на развој на детето

    Проверете ја позадината на кутијата од подарокот – повеќето играчки доаѓаат со совети за соодветноста на возраста. Потоа, направете сопствена проценка. Помислете на карактерот на детето и трендовите кои се следат во моментот. Иако детето за кое го купувате подарокот е на одредена возраст, не значи дека е заинтересирано или подготвено да вози велосипед или тротинет.

    Обрнете внимание на материјалите од кои е изработен подарокот

    Секогаш насочувајте се кон подароци кои не се од пластика и се изработени од одржливи материјали, без ПВЦ или токсични хемикалии и бои. На пример купете парче облека од органски памук, еко чашка и чинија за јадење или, пак, дрвена играчка.

    Подарете подарок кој ќе биде интересен за детето и кој ќе ја разбуди неговата креативност

    Подарете му на детето приказна, бидејќи подарокот не е само забава, истиот треба да е и корисен. Идеални можат да бидат DIY активности (направи сам) кои детето навистина со внимание ќе ги составува со цел да изработи одредена фигура или друг финален производ. Подарокот треба да ја поттикне креативноста и слободната игра, а може да помогне во зајакнување на одредени особини и вештини.

     

    Бидете уникатни

    Подарете детска штедна книшка и започнете да влијаете на финансиската писменост и одговорност на детето, но и на родителите. За едно дете да развие финансиска одговорност е потребно време и многу труд, но детска штедна книшка може да го започне тој процес, што во последно време се покажа како навистина паметен и корисен избор за подарок, за детето и неговата иднина. Отворањето штедна книшка во Халкбанк АД Скопје носи многу придобивки – децата се учат да планираат однапред, да останат фокусирани на целите и приоритетите, да штедат за работите што ги сакаат, како и да стекнуваат основни математички вештини.

    Халкбанк АД Скопје како една од најголемите и најсилни банки во земјава и вистински партнер за штедење, нуди депозит за детско штедење со навистина поволни услови. Сѐ што е потребно за отворање орочен депозит за детско штедење е лична карта од родител/старател, извод од матична книга на родените од детето и почетен депозит кој може да биде во минимален износ од 1000 денари за денарско штедење, односно 20 евра за девизно штедење. Каматната стапка е фиксна и во зависност од избраниот период на орочување, достигнува до 1,7% за денарско, односно 1,2% за девизно штедење. Постои и можност за дополнителни уплати, пред истекот на датумот на доспевање на орочувањето. За секој отворен депозит се издава дизајнирана детска штедна книшка и Халки касичка, па така заедно со вашите најмили ќе може да ги штедите средствата кои би се додале на штедното конто.

    Со Халки, завршува потрагата по совршениот подарок бидејќи сѐ што содржи еден таков подарок е опфатено овде. Детското штедење е креативно изненадување за секој родител и дете, со безброј поволности и можност за задоволување на сите желби, од Супермен играчки до велосипеди, најновата гејмерска опрема или средства за членство во клубови кои ќе го збогатат природниот талент и интерес на детето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично