ПОВЕЌЕ

    Инкотермс 2020 калкулатор – едноставна алатка од Комерцијална банка за помош при избор на паритет за следната испорака

    Време зa читање: 2 минути

    Успешниот бизнис на нашите деловни клиенти е нивно и наше задоволство. Со цел ефикасен и лесен пристап до меѓународните пазари, Комерцијална банка им обезбеди уште една корисна алатка на своите клиенти – Инкотермс 2020 калкулатор, за да им служи како визуелен водич при избор на соодветен паритет (трговско правило).

    Во услови на глобален пазар и дигитализација на транспортот, технологијата и системите на комуникација, сѐ повеќе се поместуваат границите помеѓу купувачот и продавачот и се отвораат многу прашања во нивниот однос.

    • Каде да се испорача стоката?
    • Кој го презема ризикот и до кое место?
    • Кој го плаќа превозот?
    • Кој го плаќа осигурувањето?
    • Кој ги презема трошоците за царинење?

    Одговорот на овие прашања го даваат 11-те Инкотермс правила, составени од три букви, кои јасно ги опишуваат обврските, трошоците и ризиците поврзани со испораката на стоката од продавачот до купувачот. Инкотермс се меѓународно прифатени трговски правила, кои ги дефинираат обврските на купувачот и продавачот.

    Користејќи го Инкотермс калкулаторот на Комерцијална банка, доаѓате брзо и лесно до предлог за соодветното трговското правило кое најдобро одговара на вашите потреби.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично