ПОВЕЌЕ

    ЕЕS (Exit/Entry System) стартува од април и „ќе ве сликаат“ на влез во ЕУ – Викторија Трајков за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Дилемата што ја има јавноста дали новиот ЕЕS – Exit/Entry System (влез – излез систем на ЕУ) е „одложен“ и дека граѓаните нема да даваат биометриски податоци на граница, Викторија Трајков, заменик министерката за европски прашања во поткастот „Каде се парите?“, појаснува дека системот не е одложен, туку стартува во земјите кои што се подготвени за него. Постои само флексибилност/грејс период до септември за оние членки на ЕУ кои што не се целосно подготвени за EES. Клучното за граѓаните е дека на првата граница каде што се влегува во земја на ЕУ, а има функционален EES – ќе бидат фотографирани, односно ќе се помине низ процесот што го предвидува системот.

    „ВТ: Ако одите до Хрватска конкретно, да ќе бидете сликани затоа што тие гранични премини кои што треба да ги поминете се опремени со EES – систем.

    ГТ: А во Грција ако одам на пример?

    ВТ: Исто.

    ГТ: Иако има грејс период до септември, сепак ќе мора да ме сликнат и да застанат?  “

    ВТ: Да, ќе ве сликаат и тоа не е долг процедурата и не значи тоа дека кој знае колку треба да чекате“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично