ПОВЕЌЕ

    Во ТИРЗ Скопјe1 турската компанија „Текнопанел“ отвори фабрика за покривни панели вредна 20 милиони евра

    Време зa читање: 4 минути

    Нова инвестиција од 20 милиони евра на турската компанија „Текнопанел“, со нови 120 вработувања во услови на енергетска криза, најави денес премиерот Димитар Ковачевски, на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“ во ТИРЗ Скопје 1. Станува збор за високотехнолошката компанија која ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет за производство на иновативни т.н. „сендвич“ покривни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар, и особено се користат за покривни површини на индустриски згради.

    Производството ќе започне од следната година, а ќе се отворат 120 нови работни места, со просечна нето плата за вработените од околу 600 евра. Согласно инвестицискиот план, платите континуирано се очекува да растат.

    Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека задоволството е уште поголемо што инвестиции и нови вработувања се случуваат во услови на најголемата светска енергетска криза. Тој нагласи дека турските сопственици на ТЕКНОПАНЕЛ одбрале да ја донесат својата инвестиција токму тука бидејќи Владата обезбедува можности и предности за инвестирање и дека е важна поддршката која ја добиваат компаниите од државата во смисла креирање поволни услови за работа. „Ние тука имаме квалитетни, трудољубиви работници и затоа наш клучен услов се одржливи и добро платени работни места за нашите граѓани“, рече Ковачевски и повтори дека ставот на Владата е дека никој нема да е оставен сам во кризата.

    „Обезбедивме два пакети антикризни мерки за заштита на најранливите граѓани и компаниите во вредност од над 760 милиони евра. Затоа континуирано обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за непречено функционирање на виталните функции на државата. Со последните мерки за евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и да се намалат цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи и да го заштитиме стандардот на граѓаните“, рече Ковачевски.

    „Од друга страна пак, многу важно е да имаме јасна стратегија за економски развој и долгорочна стабилност на земјата. Ние таа насока ја имаме. Мора да мислиме на иднината. И во овие тешки кризни времиња, наша задача е да обезбедуваме услови за креирање нови работни места, но секако и на подобро платени работни места за да се справиме со растечките трошоци за живот“, истакна претседателот на Владата и додаде дека во следните два месеци до крајот на годината ќе бидат презентирани уште четири инвестиции.Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, рече дека од еден скромен и отворен разговор во Истанбул со сопственикот на „Текнопанел“, Орхан Кахвеџи денес стигнавме до реална инвестиција од 20 милиони евра и 120 нови работни места со плати над државниот просек. „Ова е последна од инвестициите кои ги презентиравме периодов и кои веќе надминуваат 620 милиони евра. Истите предвидуваат отворање на 5.000 добро платени работни места за наши сограѓани“.Тоа е резултатот од новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции. Отворени сме, искрени и чесни. Тоа е стратегијата за која прашуваат од ВМРО ДПМНЕ. Нашата стратегија не е ЌЕ туку СЕГА – реални инвестиции и реални работни места, рече Деспотовски.Орхан Кахвеџи, сопственик на компанијата „Текнопанел“ рече дека оваа нова инвестиција е петти производствен капацитет, а воедно и првата фабрика за производство надвор од Турција. „Новата инвестиција ќе даде додадена вредност на економијата во Северна Македонија. Како прво, ова е центарот на Европа, од каде ќе се извезува производството. Со помош на соработка со компаниите од регионот, квалификувани луѓе, верувам дека ова ќе биде уште една наша успешна приказна. Поддршката и стимулациите на Владата, за нас се исто така многу вредни“, рече Кахвеџи.Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година, информираат од Владата. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места. Во моментов ТИРЗ има помеѓу 30-35 активни клиенти. Во фаза на изградба се пет фабрики коишто имаат потпишано договор. Со новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции само во изминатите 18 месеци се постигнати договори од 620 милиони евра што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично