„Ќе бидам овде да го сузбијам ксенофобичното размислување за иднината на Македонија, како мене, верувам и сум убеден дека има доволно луѓе во нашата земја кои ги споделуваат истите вредност. Тие што сакаат да живеат во гето, нека продолжат да живеат, јас Македонија ќе ја гледам, ќе ја направам земја во која што секој еден ќе може да живее и да придонесува онолку колку што може вистински од срце“, рече поранешниот вицепремиер за економски прашања и актуелен пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Само Интервју“ на ТВ Канал 5.
Запрашан дали во пресрет на локалните избори СДСМ се обидува да се дистанцира од ДУИ, чиј поранешен висок партиски функционер Артан Груби е на црната листа, Битиќи истакна дека се заложува за соработка со сите чинители кои државата ја гледаат како унитарна држава.
„Сметам се додека луѓето не бидат осудени не можеме да ги наречеме дека се виновни. Мислам дека сме единствена земја во поширокото опкружување од која имаме двајца вицепремиери на црната листа. Сметам дека луѓето ако вистински ја сакаат оваа држава, тогаш вистински да седнеме да зборуваме кои се тие кои ја сакаат, кои не ја сакаат, кои имаат скриени нека си отидат каде им е местото, а тие кои имаат вистински намери да си продолжат да водат политика во оваа држава“, рече Битиќи
Битиќи нагласи дека СДСМ се залага за прифаќање на различностите и додаде дека е потребна коалиција со граѓаните кои си ја сакаат земјата.
„Сите да се заложиме оваа земја еден ден биде земја членка на ЕУ, за граѓаните да живеат поквалитетно, унитарна, ваква каква што е. Затоа нас ни е потребна коалиција со граѓаните кои ја сакаат оваа земја, да ја викаме онака како што сакаме да си ја викаме, но да биде подобро место на живеење“, рече Битиќи.