ПОВЕЌЕ

    Битиќи: Не сметам дека договорот со Велика Британија е антиевропски

    Време зa читање: 2 минути

    “Не сметам дека договорот со Велика Британија е антиевропски, таа е земја која е доскорешна членка на ЕУ. Велика Британија ни помогна, после 27 години, да ја развиеме Националната развојна стратегија(НРС) за наредните 20 години, каде една од клучните одредби е Европската унија“, рече поранешниот вицепремиер за економски прашања и пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање во емисијата „Само Интервју“ на ТВ Канал 5, а во врска со оценките дека  договорот за задолжување од 6 милијарди евра е антиевропски.

    Во однос на оценките за нетранспарентноста и неотчетноста на Владата, Битиќи истакна дека ги споделува тие ставови и изрази сомнеж во однос на тоа што Владата посегнува по фондови кои доаѓаат надвор од Европската Унија.

    “Имаме на располагање средства од претпристапната помош на ЕУ во висина од 700 милиони евра, 600 милиони евра ни се на располагање од Планот за раст, каде единствен услов е да сакаме да покажеме дека се менуваме“, рече Битиќи и додаде дека разликата помеѓу овие средства и останатите договори за задолжување кај поединечни земји е дали ги задолжуваш своите деца или ги добиваш неповратно .

    Битиќи посочи дека со денешното потпишување на договорот со Велика Британија јавниот долг, кој ќе треба да се враќа за десет или дваесет години, ќе се зголеми за 60%, нешто што, како што рече тој, го оставаме на нашите деца.

    „Притоа, не сме единствена земја во светот со ваков стратешки договор од 6 милијарди евра, над 200 земји во светот имаат склучено и ги користат тие договори. Нема ништо ексклузивно во однос на нашата држава“, додаде Битиќи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично