ПОВЕЌЕ

    ЕКОНОМИСТИ: Бизнисот со финансиски друштва во подем – како „тивка“ конкуренција на банките

    Време зa читање: 4 минути

    Брзите можности за одобрување кредит но и „поблагите“ услови ги прави атрактивни финансиските друштва на пазарот во земјава. Тие стануваат „конкуренција“  на банките, но само во одредени сегменти. Постои перспектива за натамошен развој на овој дел од финансискиот пазар – оценуваат економистите за „Таргет Груп“.

    Растечките приходи и добивки, но и трендот на пораст на бројот на вработени во финансиските друштва во земјава се показатели дека овој дел од финансискиот пазар има потенцијал за развој. Финансиските друштва, за кои ги анализираше „Таргет Груп“ од година во година прикажуваат значаен пораст на добивките кои лани достигнаа 4 500 000 евра.

    “Местото на финансиските друштва во актуелниот финансиски систем е во пополнување на меѓупросторот оставен од големите финансиски институции (банки) од една страна и потребите на малите кредитобаратели – граѓани и деловни субјекти кои не можат лесно да се квалификуваат за добивање на кредит од банките, од друга страна. Корисничката ориентираност на финансиските друштва, брзите можности за одобрување на кредити во лимитирани износи и со поблаги услови ги прави атрактивни и во услови на доминантна поставеност на банките во финансискиот систем. Од друга страна заради потребите од лимитирање на висината на трошоците на задолжувањето, уредени се законски лимити за висината на овие трошоци што претставува критериум за подобрување на позицијата на кредитокорисниците во односот на финансиските друштва. Ваквите лимитирања ги ограничуваат можностите на овие друштва за побрз раст и експанзија“ – вели економистот Павле Гацов кој смета дека со оглед дека на тоа што финансиските друштва не се под надзор на Народната банка, потребно е засилување на контролните механизми на регулаторот (министерство за финансии) над работењето на овие друштва, имајќи ја предвид особено нивната сопственичка структура но и темпото на раст во овој финансиски сегмент.

    И професорот Љубе Трпески неодамна за „Таргет  Груп“ коментираше дека показателите за раст и развој на финансиските друштва се потврда дека има потреба од нивното постење на финансискиот пазар.

    Високите приходи и добивки што ги остваруваат, покажуваат, од една страна, дека има потреба од нив на финансискиот пазар, и има перманентно поголема побарувачка за кредитите што тие ги даваат од нивната понуда. Тука има место и потреба, за зголемена контрола од Министерството за финансии“ – смета професорот Трпески кој е  еден и  од поранешните гувернери на НБМ.

    Финансиските друштва се во зародиш од 2013 та година. Лани вкупните приходи на 24 те финансиски друштва изнесувале 21 500 000 евра, со значаен пораст во однос на 2017 година кога изнсувале 4 000 000 евра.

    „Таргет Груп“ веќе ги рангираше првите пет финансиски друштва кои се водечки според приходите, а тоа се Тигофајнанс со приход од 5 милиони и 400 илајди евра, Иуте кредит Македонија со 5 милиони евра, Диџитал фајнанс интернешнал  со 2 милиони евра, СН финансии со приход од 1 милион и 900 илајди евра и  М КЕШ Македонија со приход во 2019 та во износ од 1 милион и 600 илајди евра.

    Со ваквите показатели, финансиските друштва стануваат конкуренција на банките, но во одреден сегмент, сметаат економистите.

    “Секако дека финансиските друштва се конкуренција на банките но само во ограничен сегмент на работењето. Граѓаните и микро и малите субјекти како баратели на мали износи на кредити со помал колатерал се потенциајлниот пазар на кој се реферираат и банките и финансиските друштва. Само во овој сегмент може да зборуваме за конкуренција на финансиските друштва и банките. Платниот промет со странство, картичното работење, он-лајн плаќањето, кредитирањето на големите компании е сепак сегмент во кој финансиските друштва не се конкуренција на банките. Во иднина овие субјекти, освен кредитирањето на граѓаните и микро и малите субјекти ќе имаат простор за подобрување на своите позиции во картичното работење“ – објаснува Гацов.

    На  ранг-листата, на првите места според висината добивката во 2019 та година се наоѓаат: КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје со 812 000 евра, СН ФИНАНСИИ ДОО Битола со 719 000 евра, ТИГО ФАЈНАНС каде лани имало добивка од 678.500 евра. ДП ДООЕЛ Скопје со добивка од  613 200 евра,  ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС Скопје со 609 000 евра,  ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со остварена добивка од 342 000 евра.

    Анализа на податоците: Таргет Груп

    Изработил А.Д

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично