Право на инвалидска пензија има осигуреникот кај кого е утврдено дека постои инвалидност:
а) кога поради промени во здравствената состојба која неможе да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со психички и физички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност ( професионална неспособност) а ако осигуреникот е над 50 години (маж, жена)
б) кога поради промени во здравствената состојба која неможе да се отстрани со лекување, ќе нaстане трајно губење на работната способност ( општа неспособност за работа) без оглед на возраста.
Ивалидноста може да настане како последица на болест, повреда надвор од работа, повреда при работа или професионално заболување.
Покрај постоење на инвалидност осигуреникот стекнува право на инвалидска пензија само доколку ги исполнува и условите во поглед на пензискиот стаж, и тоа:
- ако инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест – без оглед на должината на пензискиот стаж
- ако инвалидноста е предизвикана со повреда надвор од работа, или со болест осигуреникот стекнува право на инвалидска пензија под услов пред настанување на инвалидноста да имал наполнет пензиски стаж кој му покривал најмалку 1/3 на периодот од наполнети најмалку 20 години живот до денот на настанување на инвалидноста (работен век) сметајќи го работниот век на полни години. Под поимот работен век се подразбира бројот на полните календарски години до денот кога осигуреникот навршил 20 години живот до денот на настанување на инвалидноста.
Работниот век кај осигуреник кој со редовно школување се здобил со виша, односно висока стручна подготовка се смета времето од навршување на 23, односно 26 години живот до денот на настанување на инвалидноста.
На осигуреникот кој по навршување на 20 години живот бил на отслужување на воениот рок, раобтниот век му се намалува за времето колку што траел отслужениот воен рок.
За помладите осигуреници, кај кои инвалидноста настанала пред навршување на 30 години живот како послседица на повреда надвор од работа или болест, се здобиваат со право на инвалидска пензија ако на денот на настанување на инвалидноста имал својство на осигуреник и ако:
- инвалидноста настанала до навршување 20 години живот, ако имал најмалку 6 месеци стаж на осигурување;
- инвалидноста настанала до навршување 25 години живот, ако имал најмалку 9 месеци стаж на осигурување;
- инвалидноста настанала до навршување 30 години живот, ако имале најмалку 12 месеци стаж на осигурувањe
Поповолни услови за остварување право на инвалидска пензија се предвидени и за осигуреник – воен инвалид од I до VI група, како и друг инвалид кој е изедначен со мирновременски воен инвалид од I до VI група. Доколку, овој осигуреник не може да работи повеќе од половина од полното работно време, се стекнува со право на инвалидска пензија и во случај кога кај него постои намалена работна способност без оглед на фактот дали со или без преквалификација или доквалификација може да се оспособи за друга соодветна работа.
ПРОФЕСИОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Со овој Закон заради редефинирање на инвалидноста одредени права од пензиско и инвалидско осигурување како што се правото на распоредување на друго соодветно работно место, правото на соодветно вработување, правото на преквалификација или доквалификација се изоставуваат од системот на пензиско и инвалидско осигурување и наместо нив се воведува правото на професионална рехабилитација.
Право на професионална рехабилитација има осигуреникот кај кој ќе настане инвалидност пред навршени 50 години живот ако според преостанатата работна способност може да се оспособи за друга работа со полно работно време.Инвалид на трудот кој стекнал професионална рехабилитација се оспособува за вршење на друга соодветна работа за која е потребна стручна подготовка која одговара на работите што ги вршел на својата работа пред настанувањето на инвалидноста.
По исклучок, професионалната рехабилитација може да се обезбеди за друга работа за која е потребна стручна подготовка која е повисока од онаа која одговара на работите кои осигуреникот ги вршел пред настанувањето на инвалидноста, ако таквото оспособување е оправдано со оглед на стручноста, годините на живот, ртаботнот искуство И склоноста на осигуреникот И ако постои реална можност за вработување по завршеното оспособување.
Осигуреникот кај кого насатанала професионална неспособност за работа како последица на повреда надворт од работа или болест има право на професионална рехабилитација доколку ги исполнува условите во поглед на пензискиот стаж за стекнуавње право на инвалидска пензија.Осигуреникот пак кај кого преостанатата работна способност настанала како последица на повреда на работа или професионално заболување има право на професипнална рехабилитација без оглед на должината на пензискиот стаж.
Значајна околност во врска со правото на професионална рехабилитација е и фактот што во оваа постапка задолжително е и учеството на работодавецот кој треба да учествува во постапката од почетокот на нејзиното покренување и да даде предлог за избор на работното место за кое би можел да се оспособи осигуреникот.Со Законот за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување Службен весник на РМ бр.153/07, уредено е дека доколку корисник на инвалидска, односно семејна пензија не се јави на задолжителен контролен преглед му се запира исплатата на пензијата. Доколку корисникот на пензија не се јави на задолжителен контроелн преглед поради оправдани причини ( болничко лекување во земјата или во странство) нема да се запре исплатата на пензијата до завршувањето на лекувањето односно јавување на контролен преглед.