ПОВЕЌЕ

    ПЕНЗИСКИТЕ ФОНДОВИ РАСПОЛАГААТ со 2,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – податоци за ОФИ во првиот квартал

    Време зa читање: 4 минути

    Вкупните средства на останатите финансиски институции – пензиски фондови, осигурителни друштва, инвестициски фондови, финансиски друштва, лизинг друштва и друштва за управување со пензиски и инвестициски фондови изнесуваат 225.019 милиони денари или над 3,65 милијарди евра. Бележат квартален раст од 14.178 милиони денари, односно 230,36 милиони евра. И, со 20,9 проценти учествуваат во средствата на финансиските институции.

    Ова е состојбата од првото годинешно тримесечие. Податоците од анализата на Народната банка покажуваат дека во вкупните средства на ОФИ најголем е уделот на пензиските фондови со 65,6 отсто. Второпозицонирани се осигурителните друштва со 16 проценти.

    Најголем дел од средствата на ОФИ се однесуваат на вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност со учество од 51,7 и 26 проценти. Кај обврските, најголемиот дел е за технички резерви на осигурување и капитални сметки – од 54,6 и 35,7 проценти.

    Кај вкупните средства на ОФИ е регистриран тримесен раст од 6,7 и годишен од 19,7 насто, главно како резултат на зголемените средства на пензиските фондови, но и поради дополнителниот придонес на повисоките средства кај инвестициските фондови, осигурителните и друштвата даватели на финансиски лизинг. Позитивни движења има и во другите потсектори.

    Вкупните средства на пензиските фондови – задолжителни и доброволни, бележат квартален раст од 6,3% и на крајот од првиот квартал изнесуваат 147,562 милиони денари (речиси 2,4 милијарди евра). Од НБРСМ, анализирано по инструменти, се наведува дека „нагорната квартална промена во целост произлегува од зголемувањето на вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност“. Додека годишниот раст од 20,1% „пред сè се должи на повисоките вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност, при помало позитивно влијание и на останатите побарувања“. Кај обврските, и кварталната и годишната промена во целост се резултат на повисоките капитални сметки и техничките резерви на осигурувањето.

    Петпроцентно зголемување во тримесечниот период има кај вкупните средства на осигурителните друштва. Се работи за 35,968 милиони денари (над 584 милиони евра), а до тој износ е дојдено во најголема мера како резултат на „зголемените останати побарувања, сопственичките хартии од вредност и техничките резерви на осигурувањето“. На годишна основа растот е 10,5% и главно се должи на повисоките должнички и сопственички хартии од вредност и останатите побарувања. Годишниот раст, пак, на обврските „е одраз на повисоките технички резерви на осигурувањето…“.

    Вкупните средства на инвестициските фондови во првиот квартал изнесуваат 15,530 милиони денари (252,3 милиони евра) на 2024, а растот тримесечен е 15, а годишниот 29,9 проценти. А, промената е заснована врз повисоките сопственички хартии од вредност. На страната на обврските исто така има раст, кој произлегува од зголемените капитални сметки.

    Во првиот квартал вкупните средства на финансиските друштва се зголемиле за 3,2%, а годишниот раст е 21,8%. Изнесуваат 11,545 милиони денари (близу 187,6 милиони евра). „Најголемиот дел од средствата на финансиските друштва се побарувања врз основа на кредити, во износ од 10.095 милиони денари, коишто бележат квартално и годишно зголемување од 3,5% и 23,9%, соодветно“, се вели во анализата. Кај обврските, растот и тримесечен и годишен се заснова најмногу на зголемените капитални сметки, а во одреден дел и на обврските врз основа на кредити.

    Вкупните средства на друштвата даватели на финансиски лизинг се во износ од 11,789 милиони денари (191,5 милиони евра) и се со квартален и годишен пораст од 11,7% и 34,1%. Најголемиот дел од нив се побарувања врз основа на кредитите, „коишто достигнаа 8.674 милиони денари и се зголемија на квартално и годишно ниво за 4,6% и 32,0%, соодветно“. И трошоците растат, особено поради зголеменитее обврски врз основа на кредитите.

    Друштвата за управување со пензиските и инвестициските фондови располагаат со2,6 24 милиони денари (42,6 милио ни евра). Зголемени се за 6,5% квартално, во поголем дел како резултат на зголемените валути и депозити, како и за 10,7% годишно, пред сè заради високите вложувања во должнички хартии од вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично