ПОВЕЌЕ

    Биткоинот и монетарната економија

    Време зa читање: 3 минути

    Денес банкарскиот систем, а со тоа и целиот финансиски систем се потпира исклучиво на финансиски институции кои служат како доверливи трети страни. Се работи за доверба, а во централниот дел на настаните е централната банка. Работата на централната банка е од суштинско значење во процесот, и како Вил Роџерс (американски хуморист и социјален коментатор) еднаш рече: “Од почетокот на времето има три големи пронајдоци: оган, тркало и централно банкарство”. Централната банка работи на множество на правила направени од луѓе, изменети од луѓето и прекршени од луѓето. Затоа, финансиската криза беше доста често коментирана и анализата покажа дека банките и долгот на банките (направени врз основа на доверба) беа во коренот на секоја од 124 систематските кризи низ светот од 1970 до 2007 година.

    Процесот на глобализација е исто така многу важен во модерното време. Глобализацијата расте секој ден, но сѐ уште имаме 193 валути, издадени и контролирани од 193 централни банки. Ниту една од овие валути не може да се користи како глобална валута, што е од суштинско значење ако зборуваме за глобализацијата.

    Да се сумира, знаејќи дека живееме во дигиталната ера на висока глобализација, лесно е да се каже дека банкарскиот систем е застарен. Она што нуди технологијата на биткоинот е нешто ново револуционерно.

    Системот е целосно децентрализиран, а не поседуван или контролиран од ниту една централна банка или влада. Ова значи дека лесно може да се користи како глобална валута.

    Целиот процес е контролиран од милиони супер компјутери кои ги потврдуваат и спроведуваат трансакциите. Тој нуди можности за микро трансакции кои можат да се користат како акцелератор во онлајнтрговијата и можат да отворат нови врати за претприемачки микро-бизнис.

    Системот е програмиран за да не можат да постојат повеќе од 21 милион биткоини, што значи дека е нешто слично на златото.

    Централните банки веќе многу години владееле со финансискиот свет, но никогаш не се соочиле со голем предизвик како биткоин.

    Поддржувачите на биткоинот велат дека централните банки и банкарскиот систем го игнорираат, сега се смеат на нив, во иднина ќе се обидат да се борат против нив, а потоа Биткоин ќе победи.

    Сепак, централните банки и целиот банкарски систем не смеат да го гледаат биткоинот како нивниот непријател. Предизвикот е јасен и ќе се појават радикални промени, но тоа не значи дека банките ќе изгубат сè. Процесот е се уште во раните фази и банките можат да помогнат и да го направат уште подобро.

    Монетарната економија ќе мора да научи како да го користи биткоинот во своја корист. Процесот ќе стане поглобален, сигурно, но тоа не значи дека не ни се потребни регулативи.

    Биткоин системот има јасни правила, направени и следени од компјутери, но тоа не значи дека не може да се користи за лоши работи. Во самите почетоци на интернетот, тоа беше најчесто користено од криминалци. Биткоин како нова технологија не е имун на ова.

    Ivana N. i Marija.G.S

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично