Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.
Податоците за стапката на инфлација во САД од „само“ 7,7% ги возбудија пазарите
Првиот дел од изминатата недела го одбележаа американските избори, каде што гласачите одлучуваа за составот на Претставничкиот дом и Сенатот среде 4-годишниот претседателски мандат. Резултатите во двата дома се исклучително блиски, а предвидувањата за победа на републиканците изгледаат малку веројатно да се остварат (се уште не се преброени сите гласови). Тесното мнозинство во Сенатот ќе им припадне на демократите, додека во Претставничкиот дом, републиканците имаат малку подобри изгледи. На среднорочните избори обично преовладува спротивната страна на актуелниот претседател, па резултатите, со оглед на слабата поддршка за Бајден, се изненадувачки, а од друга страна, разочарувачки за Трамп, за кој се очекува во скоро време да објави нова претседателска кандидатура. Но, резултатот е поволен за пазарот, бидејќи поделената политика го оневозможува усвојувањето на било какви непопуларни мерки и пазарот сè уште го гледа изборниот резултат како умерено позитивен фактор.
Кон крајот на неделата на прв план излегоа податоците за октомвриската инфлација во САД, што го донесе долгоочекуваното олеснување на финансиските пазари. Растот на цените мерен со индексот CPI беше помал од предвидувањата за октомври. Уште поважна вест беше дека базичната инфлација (со исклучок на цените на храната и горивата) исто така се ублажува, така што повисоките каматни стапки полека ја постигнуваат својата цел. Берзата ја дочека веста со еуфорија, а берзанските индекси во четвртокот го забележаа најголемиот дневен скок во последните две години. Најмногу добија акциите од ИТ секторот, технолошкиот индекс Nasdaq само во четвртокот порасна за 7,4%. Инвеститорите очекуваат дека пониските бројки на инфлација ќе го ублажат тонот на ФЕД, но славењето на победа над доларот со 7,7% раст на цената на годишно ниво дефинитивно би бил предвремен. Трендовите на берзанските цени на суровините и материјалите се прилично охрабрувачки, дополнителен оптимизам даваат индициите дека полека се зголемува можноста за разрешување на војната меѓу Русија и Украина. Важна улога во глобалните инфлациски притисоци во наредните месеци ќе има евентуалното напуштање на нулта ковид политика во Кина – од една страна, тоа ќе ослободи некои тесни грла во синџирите на снабдување, но во исто време и притисокот врз растот на цените на енергијата би се зголемил. Многу ќе зависи и степенот на заладување на економската активност во развиените економии – подлабока рецесија со зголемена невработеност брзо ќе го намали притисокот врз растот на цените, а од друга страна, ќе го зајакне стравот од нова, поголема корекција на пазарот на капитал.
Еврото минатата недела се стабилизираше над еден долар
Во Европа, односот помеѓу доларот и еврото исто така игра многу важна улога во движењето на инфлацијата, бидејќи суровините и енергетските производи најчесто се пресметуваат во долари. Минатата недела, по неколку месеци, тоа повторно се стабилизира над вредноста на еден долар (1EUR=1,03 USD). И покрај податоците за падот на британската економија во третиот квартал и влошените економски прогнози на Европската комисија, на европските берзи преовладуваше оптимизам поради пониската инфлација во САД и на европските берзи, кои пораснаа во последните денови. Генерално, европските пазари на капитал одлично се држат годинава, особено ако се земат предвид сите лоши геополитички вести, посилното успорување на европската економија поради скапите енергенси итн. Европските акции може да се каже дека се позитивното изненадување за оваа година.
Пад на производствените цени во Кина
Инвеститорите на пазарите во развој го поздравија падот на доларот и веста за олеснувањето на мерките за карантин во Кина и покрај големиот пораст на бројот на заразени со вирусот. За глобалната економија значајни се и свежите податоци за производните цени во Кина, кои паднаа во октомври за прв пат по две години. Покрај тоа, централната влада укажа на поголема помош за секторот на недвижности, а во исто време олабави некои мерки за купувачите на недвижности. Одговорот на пазарот беше значителен, но заздравувањето е сè уште далеку, бидејќи мерките преземени во последните месеци на пазарот на недвижности не ги постигнаа посакуваните ефекти.
Пониската инфлација конкретно ги намали бараните приноси на обврзниците
Закрепнаа и пазарите на обврзници со помош на пониската инфлација во САД, вклучувајќи го и растот на европските обврзници, со што се намали бараниот принос. Под 5%, на 4,8%, падна и очекувано ниво на каматни стапки, кое што ФЕД треба да го достигне. Водејќи се од случувањата на пазарот на обврзници во САД, слично се очекува и во Европа, но овде инфлацијата е потврдоглава, па се уште важи препораката за претпазливост со долгорочните обврзници кои доспеваат по 2035 година.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИ
Овој пат советите за инвеститорите поактивно се прилагодуваат на промените во економското опкружување. Настрана од инфлацијата, макроекономските податоци не се значително подобрени, но остриот скок на берзите во изминатата недела покажува колку слободни пари го чекаат таканареченото „дно“ на берзите. Централните банки остануваат главен играч на пазарите на капитал. Реакцијата на инвеститорите покажува дека добрата вест ја вброивме во нови нивоа за само еден ден. По ваквото закрепнување, тешко е да се каже дека акциите се значително евтини со оглед на сите предизвици и промени, но нудат можности бидејќи иднината или очекувањата на инвеститорите за тоа како треба да изгледа иднината може многу брзо да се променат. Инвеститорите кои беа премногу конзервативни или фокусирани само на сигурни инвестиции го пропуштија силното враќање. Се разбира, долгорочните инвеститори не пропуштаат ништо – оние кои опстојуваат со програмирани уплати докажаа дека таквиот пристап е најдобар. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд – Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување. Отскокнувањето само покажува дека пазарот е непредвидлив и дека се потребни постепени и методички чекори во прилагодувањето на инвестициското портфолио, бидејќи чекањето на оптимален момент води до можност за пропуштање на силни скокови. Отскокнувањето не значи дека кризата е завршена и дека не е можно ново дно. Како што веќе спомнавме, новите информации во наредните недели и месеци ќе насликаат нова иднина за инвеститорите, која може да биде уште подобра, но може и привремено да биде полоша. Пазарите ќе реагираат соодветно. Наше е да го претвориме сето тоа во наша корист.