ПОВЕЌЕ

    „ЗЛАТНАТА ДРЖАВА“ СТАНА ЧЕТВРТА НАЈГОЛЕМА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија на престигна Јапонија, во развојот им пречат – царините на Трамп

    Време зa читање: 3 минути

    Калифорнија официјално ја престигна Јапонија и стана четврта најголема економија во светот, според новообјавените податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Бирото за економски анализи на САД, објави гувернерот на оваа американска сојузна држава, Гевин Њусом.

    „Калифорнија не само што е во чекор со светот – ние сме тие што го диктираме темпото. Нашата економија напредува затоа што инвестираме во луѓе, даваме приоритет на одржливоста и веруваме во моќта на иновациите. И, додека го славиме овој успех, признаваме дека нашиот напредок е загрозен од неодговорните царински политики на сегашната федерална администрација. Економијата на Калифорнија ја движи нацијата и мора да биде заштитена“, нагласи Њусом.

    Според податоците на ММФ за Светскиот економски преглед за 2024 година објавени вчера и податоците на БЕА, номиналниот БДП на Калифорнија, која ја нарекуваат уште и – „Златна држава“ („Golden State“) достигна 4,1 трилион долари, надминувајќи ги 4,02 трилиони долари на Јапонија, и ставајќи ја Калифорнија зад САД, Кина и Германија на глобалните рангирања. Бројката на БДП на Калифорнија се базира на најновите податоци за БДП на ниво на држави од БЕА.

    Економијата на Калифорнија расте со побрзо темпо од трите најголеми економии во светот. Во 2024 година, стапката на раст на Калифорнија од 6% ги надмина трите најголеми економии: САД (5,3%), Кина (2,6%) и Германија (2,9%). Успехот на Калифорнија е долгорочен – економијата на државата силно порасна во последните четири години, со просечен номинален раст на БДП од 7,5% од 2021 до 2024 година. Прелиминарните податоци покажуваат дека се предвидува Индија да ја надмине Калифорнија до 2026 година.

    Гувернерот Гевин Њусом објави дека Калифорнија минатата недела поднесе тужба во федералниот суд оспорувајќи ја употребата на вонредни овластувања од страна на претседателот за донесување широки царини што им штетат на државите, потрошувачите и бизнисите. “Тужбата има за цел да го прекине царинскиот хаос на претседателот Трамп, кој предизвика хаос во економијата, ги дестабилизираше пазарите на акции и обврзници, предизвика стотици милијарди долари загуби и им нанесе повисоки трошоци на потрошувачите и бизнисите. Овие штети само ќе продолжат да растат, бидејќи се предвидува дека царините на претседателот Трамп ќе ја намалат американската економија за 100 милијарди долари годишно“, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот на Калифорнија.

    (Фото: Planetware)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично