ЈП Водовод и канализација Скопје му должи на државниот Буџет три милиони евра, нефактурирани се 60 отсто од искористената вода, 30 проценти од корисниците се без договор за услугите, а како врв – претпријатието потрошило осум милиони евра за адвокати, нотарии извршители. Ова е само дел од наодите што произлегле по троши милионкси на нефаима искажани но неплатени обврски спрема Буџетот на РСМ повеќе години наназад, во, износ контролата направена од Државниот завод за ревизија.
Ревизијата е извршена на финансиските извештаи и на нивната усоголасеност со законската регулатива за 2021 година. Оттаму ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставени политики.
Ревизорите утврдиле дека во периодот од 2017 до 2022 година количеството произведена значително отстапува од фактурираната вода. Конкретно, загубени се околу 60 отсто од водата, а тоа е, се наведува во извештајот, двојно повеќе од оптималното ниво предвидено со Стратегијата за намалување на загубите во водоснабдителниот систем на Град Скопје.
Освен тоа, со ревизијата е констатирано дека од вкупно 295.750 корисници (се до денот на известување за ревизијата) ЈП нема склучено договор за уредување на меѓусебните права и обврски со 30 отсто од нив. Или, 89.634 корисници имаат вода на располагање, а не плаќаат за тоа. Меѓу нив, 97 отсто се домаќинства, а три проценти се во категоријата стопанство. Според ревизорите, ова „може да предизвика отежната наплата на извршените услуги и да претставува тешкотија за непречено остварување на правата и обврските на давателите и на корисниците на услугите“.
Буџетот во 2021 останал покус за 185.543 илјади денари, односно за околу три милиони евра. Тоа го утврдиле ревизорите со увидот во деловните книги на скопски Водовод на крајот од 2021 година. Инаку, состојбата на искажани, но неплатени обврски спрема државната каса, според ревизорските наоди, е практика која се протега со години наназад.
Меѓу другото, спроведена е и анализа на трошоците за адвокати, нотари, извршители, односно на правните услуги и на судските трошоци направени за наплата на заостанатите долгови. Утврдено е – 492.533 илјади денари или речиси осум милиони евра се потрошени во периодот од 2017 до 2021 година, и плус за судски трошоци уште 23.496 илјади денари – околу 380 илјади евра. Во 2021 година, пак, овие трошоци се вкупно 116.021 илјада денари или 1,9 милиони евра дадени во 72.331 постапка. Наспроти тоа, ЈП Водовод и канализација Скопје успеало да наплати само 94.704 илјади денари, односно околу 1,5 милиони евра од побарувањата.