ПОВЕЌЕ

    Во е-трговијата граѓаните оставиле 41 милион евра, од банкоматите повлекле 263 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Граѓаните сѐ повеќе ги користат картичките како средство за плаќање во трговијата. И тоа многу повеќе дебитните отколку кредитните. Зголемена е и ориентацијата за плаќања преку мобилните апликации, како и интернет банкарството. Но, колку и да се менуваат навиките, готовината не го губи приматот. Од банкоматите се повлечени повеќе од 263 милиони евра.

    Сето тоа е поткрепено со официјалните податоци. За вториот годинешен квартал покажуваат солиден раст и кај бројот на реализираните транскции – за 17,2 насто и кај нивната вкупна вредност – за 16,2 проценти.

    Зголемувањето на бројот на платежните трансакции произлегува од високиот годишен раст на плаќањата во е-трговијата, каде што се забележани 21,8 процени. Освен тоа, за 16,8 проценти се поголеми и плаќањата на терминалските уред ПОС. Тоа го покажуваат податоците од Народната банка од доменот на платежната статистика за второто тримесечје. Притоа се вели дека е присутен тренд на „натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно платните налози“.

    Статистиката на централната банка покажува дека годишен раст има и кај плаќањата на граѓаните со платни налози, особено кај бројот на платежните трансакции од 9,4%, како и помал годишен раст од 0,9% кај вредноста на остварените трансакции, при натамошна зголемена употреба на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања.

    Оттаму, бројот на платежните трансакции со користење на апликациите за мобилно плаќање е поголем за 44,3 насто споредено со истиот лански период. Исто така, напредок од 12,6 проценти има и кај трансакциите иницирани во сферата на онлајн банкарството.

    „Со користење на апликациите за мобилно плаќање, граѓаните извршиле 63,7% од вкупниот број електронски иницирани платни налози, што укажува на сѐ поголемата употреба  на решенијата коишто им овозможуваат побрзо и поедноставно  иницирање на платежните трансакции“, наведуваат од Народната банка.

    Од податоците уште се гледа дека во јуни имало вкупно 3.754.857 платежни сметки, од кои 3.564.735 им припаѓаат на граѓаните.

    Понатаму, во земјава се функционални 1.026 банкомати и 33.541 ПОС терминал. Има и 1.919 места на продажба за е-трговија, кои се помалку во однос на јануари, кога постоеле 2.076. Сепак, во рамките на е-трговијата иницирани се 1.437.137 трансакции во вкупна вредност од 2.973.106.635 денари (48,34 милиони евра). Од кои 1.347.396 вредни 2.551.166.182 денари (41,48 милиони евра) се од граѓаните.

    Готовината, пак, била повлечена преку 2.399.845 трансакции, а на физичките лица отпаѓаат 2.375.429. Од кои 2.325.976 се дебитни, а 49.298 со кредитни картички.

    Притоа, во табелата каде што се категоризирани трансакциите со платежни картички според видот на терминалскиот уред, стои дека нивната вкупна вредност е 31.275.520.675 денари (508,5 милиони евра). Уделот на граѓаните е 29.752.134.876  денари (483,77 милиони евра). А, од АТМ, односно од банкоматите се повлечени 16.550.656.275 денари, или 269,1 милион евра. Само граѓаните подигнале кеш во износ од 16.190.406.808 денари (263,25 милиони евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично