Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е стожер на нашето општество, на државотворноста на Македонија.
УКИМ отсекогаш бил извор и креатор на научната и академска елита во државата, креатор на сите политики на Државата на домашен и меѓународен план, и како таков, мора да остане засекогаш еден и единствен препознатлив Универзитет во Македонија!
Поттикнат од актуелната состојба на нашиот УКИМ, која сите ја живееме и споделуваме, соочувајќи се со досега најголем пад на Шангајската листа за рангирање на Универзитетите, најнизок стандард на вработените, драстично намалување на бројот на студенти на УКИМ, одлучив да поднесам пријава за изборниот циклус за позиција Ректор на УКИМ во мандатен период 2023-26 година.
Со Ваша поддршка и со моја целосна заложба ќе работам на зајакнување на положбата на нашиот Универзитет и негово поставување на заслужениот пиедестал, фокусирајќи се на следните приоритети:
- Меѓународна афирмација и унапредување на рејтингот на Универзитетот во земјата, регионот и пошироко.
- Вработување на неопходен кадар преку задржување на најдобрите студенти во студирањето за нивен развој како кадар на УКИМ.
- Унапредување на стандардот на вработените кој последните години со инфлацијата и порастот на трошоците на живеење далеку заостанува зад движењето на платите во општеството и посебно во основното и средното образование
- Унапредување на условите за работа на вработените на УКИМ, како и обезбедување на сопствени просторни услови за некои факултети кои во моментот се потстанари или работат во услови кои ја деградираат професијата,
- Унапредување на стандардот на студентите, како и на условите за нивно студирање
- Промени во доменот на финансиите на УКИМ, кон помало зафаќање од приходите на факултетите, како и подобро и полесно управување со финансиите кај меѓународните проекти
- Иницирање промени во ЗВО во насока на олеснување на постапката за вработување на потребниот кадар на Универзитетот (кадровска автономија), и други аспекти кои ќе произлезат од согледаните проблеми кои ги наметнува ЗВО 2018 година
Свесен сум за тежината со која ќе се соочиме, пред се имајќи ги предвид економско-политичките услови во кои треба да ги постигнеме зацртаните приоритети, имајќи предвид дека:
- Нема државна стратегија за наука, издвојувањето за наука се под 0,1 % од БДП и тие, главно не се насочени кон универзитетите во земјата
- Законот за ВО навлегува во автономијата на Универзитетите
- Законски се спречува вработување на најдобрите студенти од 2008 година па наваму, а тоа е дополнето со обиди за политичко влијание при вработувањата
- Последните 2 години платите во високото образование не ги следат трошоците за живот и инфлацијата, ниту пак се врши усогласување со минималната плата или со другите плати во општеството кои изминативе години имаа значителен пораст
- Инвестициите во зградите на два факултета, кои повеќе од 7 години се прекинати со изградба го нарушува нормалното функционирање на наставниот процес и тоа на Факултетот кој има најголем број студенти – ФИНКИ, а истовремено го нарушува и нагрдува просторот на Ректоратот и целиот УКИМ
Но, со наши заеднички заложби, како една целина и сплотени, во исполнување на нашите приоритети, мора да ја искажеме и јавно да ја потенцираме сите заедно, пред целокупната македонска јавност, националната важност на УКИМ како научна, културна ризница и богатство на Македонија.
Токму од тие причини, како академска заедница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Ве поканувам и замолувам, заедно со мене на целосна посветеност на нашето знаење, способности и вештини, да се соочиме со предизвиците кои претстојат во наредниот мандатен период и да успееме со заеднички сили да ја повратиме позицијата Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на европско и глобално ниво.
Да го направиме нашиот УКИМ да биде вреднуван и респектиран, да биде партнер на стопанството, да биде извор на кадри за секоја индустриска гранка, да биде двигател на стопанството, да биде стожер на општествено-економскиот развој на Државата, затоа што:
- УКИМ е прв, и најстар универзитет во Македонија;
- УКИМ е најголем по број на организациски единици со 23 факултети, и 5 научни институти и 4 јавни научни установи- придружни членки, 1 придружна членка-друга високообразовна установа и 7 придружни членки-други организации;
- УКИМ е најголем по научните области што ги покрива;
- УКИМ е најголем по број на вработени, над 1500 наставници и научни работници;
- УКИМ е најголем по број на запишани студенти;
- УКИМ се грижи за националните интереси преку националните институти, како и мрежата на лекторати што ја одржува со што се афирмира македонскиот јазик, историја и култура;
– УКИМ Е ЕДИНСТВЕН!
и УКИМ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ да биде деградиран и третиран согласно сегашниот закон за високото образование заедно со сите останати државни и приватни Универзитети.
Искрено и одговорно тврдам пред сите Вас, драги мои колеги од УКИМ, Универзитетот, мораме сите заедно да го поставиме, зацврстиме и етаблираме како никогаш досега, во незаменлив и значаен фактор во креирање на севкупните општествено-економски, политички и развојни планови на Македонија. Универзитетот мора да има посебно место во Законот за високото образование како државно богатство на Македонија, како еден и единствен најстар, најдобар и најквалитетен Универзитет во Македонија.
Сите заедно, да го издигнеме УКИМ над сите останати Универзитети во Македонија, да не дозволиме да биде третиран на ист начин како и сите останати Универзитети. УКИМ мора да има посебен третман, бидејќи Универзитетот бил и секогаш ќе биде стожерот на нашата Македонија, ќе биде стожер на сите политики, на културата, традицијата, ризница на знаење, кадар, наука, истражувања, партнер на македонското стопанство, полн со иновативност, креативност, уметност, претприемачки дух.
УКИМ треба да биде пример за сите останати Универзитети, не само во Македонија, туку и во регионот, затоа, Ве повикувам заедно, уште појаки, уште похрабри, уште поцврсти и уште повеќе поповрзани, да зачекориме на патот на креирањето на домашни високообразовни и научни стратегии и политики кои ќе доведат до уште поголема препознатливост на нашиот, еден и единствен УКИМ!
Мојата визија за консолидирање и успешен иден развој на УКИМ се темели на:
- Подобрување на материјално-финансиската состојба на Универзитетот преку посебни државни и интерни политики за финансирање
- Зајакнување на соработката и поврзувањето со стопанството и бизнис заедницата во Македонија
- Консолидирање и целосна автономна независност на единиците на УКИМ во донесувањето на интерните политики за наука, развој, истражување, вработувања и соработки со стопанството
- Стимулирање на меѓународната соработка и научноистражувачката дејност и уметноста
- Студентите – партнери, целосна вклученост на студентите во наставната, научната и апликативната дејност на Универзитетот,
- Нов современ модел на претприемачки Универзитет за остварување на Агенда 2030 и 2050 за реализација на Стратегија за паметна специјализација
Идејата е нашето заедничко мото да биде:
„УКИМ државна ризница и традиција! УКИМ ќе направи повеќе за сите!“
на патот кон креирање на квалитетен кадар подготвен со знаење, иновативност, креативност, уметност и претприемачки дух за потребите на државата и стопанството!
Реализација на горенаведеното, Универзитетот, во периодот кој претстои, мора да ја зацврсти својата универзитетска автономија загарантирана со Уставот на Македонија, во правец на реформи во сопствената структурна поставеност и организација, финансиска независност и слобода на одлучување. Позитивните резултати се неминовни доколку сите заедно ги преземеме сите акции за негово консолидирање, зајакнување државна улога на Универзитетот, зајакнување и развој во инклузивен, хомоген Универзитет.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преку реализирање на процес на повисоки академски критериуми на образование и наука, уметничка и културна, со студиски програми прилагодени на потребите на општеството и стопанството, а посебно со апликативна дејност, отворена и искрена соработка со стопанството во Македонија, ќе придонесе за побрз општествено-економски и технолошки развој на Државата.
Тоа е главната водилка која Универзитетот преку иновативни решенија како примат за УКИМ ќе даде резултати поврзани со социјалниот, економскиот, културниот и стопанскиот развој на Македонија.
Универзитетот заедно со стопанството мора да биде лидер и имплементатор на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија, која е обврска на Државата согласно Поглавје 20 и 25 од преговорите со ЕУ, за индустрија и наука, и сите главни токови на финансиски средства за научно истражувачки и апликативни проекти за иновативни технолошки решенија, развој на нови производи за кој се бара мултидисциплинарен пристап и учество на сите научни области, од технички до општествено-хуманистички науки.
Од тие причини, важноста на Универзитетот како општествено одговорен, во наредниот период мора посебно внимание треба да се обрне на одржливиот и инклузивен развој, инвестирање во заштита на животната средина, доброволни активности, доделување стипендии на ранливите категории, пристап до универзитетските програми за лицата со посебни потреби, целосна инклузија во наставниот процес. Организирање концерти и изложби од вработените и студентите.
Сите ние, вработени на УКИМ, секој од нас поединечно, неопходно е да биде лично мобилизиран за агресивен настап кон домашниот и меѓународниот план на вмрежување и креирање на центри на извонредност, подготовка на меѓународни проекти, уметнички и културни настапи надвор од земјата поддржани од страна на Универзитетот како државотворен столб со научна мисла која е мултиетничка и мултикултурна основа.
За таа цел, потребно е да се надополни стратегијата за развој на УКИМ и заедно да усвоиме надополнета Стратегија на УКИМ 2030 која ќе биде исполнување на визијата и мотото, со јасно поставени темели на идниот развој на Универзитетот како фактор за развој на високото образование, но и севкупните текови за општествено-економскиот, технолошки развој на Македонија, односно Универзитет- моторна сила за одржлив развој на Македонија.
Целите кон кои ќе се стремам да ги реализирам со мојот тим и заедно со сите вас, може да бидат сублимирани и поделени на следниов начин:
- Управување и организација на Универзитетот
1.1. Стратешко позиционирање на Универзитетот во креирање на државните политики
- Целосно ангажирање на Ректорот и менаџмент тимот на Универзитетот на патот за поттикнување на процесот на донесување нов и прочистен Закон за високото образование и други релевантни законски и подзаконски акти за реализација на процесот на стратешко позиционирање на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје како еден и единствен државен Универзитет кој по сила на Закон ќе биде препознатлив како национална вредност на Македонија, со законски дефинирани постапки на финансирање на трите основни столба: наставна, научноистражувачка и апликативна дејност.
- Изработка на нова Стратегија 2030 на Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје и дополнителни стратешки документи за потребите на успешен развој на УКИМ на патот на евроатланските интеграции, предлог акти предложени од Факултетите и Институтите
- Стратешко реорганизирање на Универзитетот во насока на поголема автономија на единиците на Универзитетот и во начинот на финансирање и во управувањето со сопствените средства стекнати од меѓународни проекти, донации, интегративни средства
- Поддршка и подигнување на значењето на научните институти на УКИМ, поттикнување на нивната основа дејност за научно истражување, со што ќе придонесат за подобрување на развојните политики не само за УКИМ, туку и за креирање на политики за развој на Државата во сите сегменти соодветно, а посебно во предизвиците за отпочнување на преговори со Европската унија.
- Формирање на Центар на извонредност за политехнички науки за реализација на студиски програми согласно потребите на стопанството и апликативни проекти
- Формирање на Центар за Паметна специјализација со основна задача- имплементација на македонската Стратегија за паметна специјализација согласно обврската на Македонија од Поглавје 20 и 25 од пристапните договори за полноправно членство на Македонија во Европската Унија бидејќи единствено УКИМ има доволно човечки ресурси и капацитети за реализација на еден вака значаен проект во кој науката и истражувањето во соработка со стопанството може да ги реализираат проектите за технолошки иновации, развој на нови технологии и производи базирани на мултидисциплинарен пристап и целосно научно реализирање на нови проекти финансирани од пристапните фондови на ЕУ наменети за развој и технологии
- Привлекување на дополнителни фондови за финансирање на работењето на Универзитетот.
1.2. Зајакнување на Универзитетската инфраструктура и капацитети
- Промена на Статутот на Универзитетот во насока на организационата поставеност и целосна автономија на единиците на Универзитетот; промена на начинот на избор на менаџмент тим на Универзитетот и Единиците преку воведување на систем на избор со просто мнозинство
- Зајакнување на административните служби на Универзитетот и Единиците
- Отворање на канцеларија за меѓународна соработка задолжена за помош и подготовка на меѓународни проекти и воспоставување на мрежа на партнери, со претходно обучени и подготвени кадри, без било какво ограничување или влијание на одлуките за апликација и водење на меѓународните проекти од страна на главните истражувачи и Единиците на Универзитетот
- Зајакнат и интегриран компјутерски центар, воведување на целосно електронско водење на студентските досиеја.
- Секоја Единица на Универзитетот ќе има просторни можности каде ќе може несметано да ја реализира својата наставно образовна, научноистражувачка и апликативна дејност. Не е дозволиво постоење на недовршени објекти во близина на Ректоратот, кој го грдат угледот и реномето на нашиот Универзитет. УКИМ со сиот свој расположив човечки потенцијал и експерти од областа на правото, може и умее како да го реши овој горлив проблем и да изнајде решение и финансии за завршување на објектите и нивната намена за реализација на наставен, научноистражувачки процес
- Дополнително искористување на постојните инфраструктурни капацитети и недвижен имот кој е во владение на Универзитетот, како можност за дополнителни извори на финансирање на работењето на сите Единици на Универзитетот
- Изградба на студентски домови со јавно-приватно партнерство на имотот со кој располага Универзитетот, за да се обезбедат достојни услови за живеење и работа на сите студенти на УКИМ
- Целосна посветеност на студентското радио и отворање на универзитетска интернет телевизија за транспарентно работење на Универзитетот
- Подобрување на наставно-образовниот процес на сите степени на високото образование
2.1. Имплементирани нови современи (up to date) студиски програми на единиците на сите нивоа и циклуси на студии
- Поддршка на процесот на воведување на иновативни пристапи во реализација на наставниот процес
- Воведување на нови мултидисциплинарни студиски програми соодветни на европските и светски стандарди
- Креирање на универзитетски веб портал за надополнување на електронска верзија на предавања и вежби од студиските програми на единиците
- Зголемување на бројот на гостувачки професори од земјата и странство
- Избор во звање почесни доктори на наука и гостувачки професори, посебно на сите наши македонци кои работат и делуваат на странските Универзитети и истражувачки центри, или работат во светски реномирани компании
- Воведување на модуларен систем на сите степени на студирање со што во значителна мера ќе дојде до зајакнување на наставниот процес на Единиците на УКИМ и намалување на трошоци за акредитација на студиските програми
- Интегриран систем на менаџмент на квалитет на наставниот процес на Универзитетот и подобрување на квалитетот на реализација на наставата
- Поттикнување и поддршка на Единиците за акредитација на студиски програми од прв и втор циклус студии за стекнување со двојна диплома во партнерство со странски Универзитети од регионот, Европа и пошироко.
2.2. Отворање на Образовен центар за политехнички науки
Отворање на Центар за политехничко образование со учество на партнери од стопанството, а во кој ќе се реализираат студиски програми креирани од сите Единици на Универзитетот во соработка со стопанските и услужни компании.
Целта е креирање и акредитација на стручни професионално ориентирани студиски програми за кадар согласно потребите на компаниите, како отворање можности за студирање за сите оние кои биле во системот на средно дуално образование.
Ваквите студии секаде во Светот се приватно финансирани од корпорации, а кај нас се целосно во согласност со барањата на Законот за високото образование за стручни студии (Член 135 од ЗВО), а на кои студентите се стекнуваат со стручни називи согласно Националната рамка за квалификации. Моментално кај нас постои посебен интерес од домашните и странски компании, од сите сектори: метало-преработувачката, ИКТ, природните науки, земјоделските и прехранбени производни капацитети, фармацевтската индустрија, кои се веќе дел од дуалното образование во Македонија.
- Акредитација на професионални студиски програми (60-120 ЕКТС) во соработка и учество на лица од праксата, од стопанските и нестопански гранки, од секој можен сектор, во насока на креирање на кадар согласно потребите на странските инвеститори и домашните производни и услужни компании
- Соработка со странски партнери од земјата и странство во креирање на „custom made“ студиски програми за области каде е тоа потребно, а во согласност со ново усвоената национална рамка за квалификации
2.3. Подобрување на лабораториската опрема и акредитации
- Креирање услови за подобрување на лабораториските услови со набавка на нова опрема, посебно на природните науки, како и слободно отворање на универзитетските лаборатории за соработка со стопанството низ Методологија на јавно-приватно партнерство што ќе обезбеди дополнителни средства за подобрување на условите и акредитација на универзитетските лаборатории.
2.4. Школа за докторски студии
- Процес на редефинирање на Школата за докторски студии, преку доверување на целосна автономија на Единиците во креирање на студиски програми и управување на финансиите на истите, без било какви финансиски импликации и собирање средства на ниво на Универзитетот.
- Поттикнување на Единиците за акредитација на докторски студиски програми за двојна диплома со странски Универзитети од регионот, Европа и пошироко.
2.5. Центар за мултидисциплинарни истражувања
Целта на формирање на овој центар е
- Поттикнување на нови, мултидисциплинарни истражувања, кои ќе ги интегрираат знаењата и капацитетите на Единиците од Универзитетот, а со цел да се одговори на светските научно истражувачки трендови и формирање на т.н. Translational research center.
- УКИМ знае и умее да воспостави успешни научни истражувања кои ќе направат директен линк помеѓу медицината и природните науки како што се биологија, биохемија, молекуларна биологија, физика, ветеринарна медицина, а во тесна соработка со техничките науки, електрониката, информатиката и компјутерските науки.
2.6. Центар за стратегиско планирање на специјализации за медицински науки
Целта на формирање на овој Центар е
- воспоставување на интензивна соработка помеѓу УКИМ и Министерството за здравство, во процесот за планирање на потребните здравствени усовршувања и специјализација на кадарот од медицински науки на ниво на Држава, а каде УКИМ е имплементатор на истите.
2.7. Обезбедување на библиотечен фонд и пристап до светски реномирани списанија соодветно на сите Единици на УКИМ
Менаџерскиот тим на Универзитетот ќе ги направи сите потребни активности за:
- Обезбедување на бази на податоци преку електронско вмрежување на библиотеките на единиците со интегриран библиотечен систем на Универзитетот и странски универзитетски библиотеки
- Зголемување на фондот за поддршка на издавачка дејност за учебници и учебни помагала со отворен конкурс во текот на целата година без било какви ограничувања
- зголемување на средства за поддршка на млади и талентирани истражувачи од УКИМ за објавување на трудови во референтни списанија
- Креирање на ризница на научни трудови на Универзитетот преку целосно препознатлива афилијација, припадност на истражувачите, и наставниот кадар
- Подобра научноистражувачка и уметничка дејност на Универзитетот
(Стратегија за развој на науката и уметноста на УКИМ 2030, во склад со Европската стратегија за наука 2030 и Стратегијата за паметна специјализација)
3.1. Формирање на функционална меѓународна канцеларија
Која е неопходна за поттикнување, стимулирање и помагање во подготовка на меѓународни проекти преку обезбедување директен пристап до европските образовни и истражувачки програми
- Формирање на повеќе одделенија во канцеларијата за меѓународна соработка во рамките на Универзитетот (согласно научните области и културните дејности) задолжени, а пред се и обучени за логистичка поддршка за подготовка и составување апликации за меѓународни проекти. Ангажираните лица за работа на одделенијата ќе бидат предложени од страна на единиците на Универзитетот
- целосно автономно управување со меѓународни проекти од страна на предлагачите, односно единиците на Универзитетот
- Целосна децентрализација на финансиското водење на европските научноистражувачки проекти финансирани од страна ЕУ, пренесување на ингеренциите на единиците на Универзитетот
- Универзитетот во рамките на своите интегративни функции ќе обезбеди пристап до сите бази на научни списанија релевантни за соодветните научни области (Elsivier Science, Springer, ACM, IEEE, Web of Science);
3.2. Финансиска поддршка за подготовка на меѓународни апликации
- Континуирана финансиска поддршка и награда на вработените кои имаат технички прифатена апликација за учество во европските образовни и истражувачки програми: Europe Horizon, SFIC, ERA, IPA, S3 Platform, Regional partnership program;
3.3. Формирање Универзитетска база на податоци за научни и апликативни проекти, трудови, учебници и помагала за сите степени на образование
- Единствена база на податоци на објавени научни трудови, публикации и книги од вработените на Универзитетот- самостојна и во соработка со партнери и издавачки куќи од земјата и странство;
3.4. Културна и уметничка промоција
- Организирање на уметнички настани, изложби, концерти во земјата, како и учество на меѓународни настани на уметничките единици на Универзитетот, финансиски поддржани од страна на Универзитетот
- Организирање и учество на спортски настани во земјата и меѓународно за промоција на спортот и културата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Интернационализација на Универзитетот во трите сфери на делување – наставно образовен, научноистражувачки и апликативен процес
4.1. Дефинирање на план на активности (road map) за остварување на една од приоритетните цели за подобро рангирање на Универзитетот и негова поголема меѓународна препознатливост, преку
- Формирање на мешовит универзитетски тим со странски експерти за примена на методологијата за рангирање на Универзитетите на Шангајската листа на најдобри Универзитети
- да се направат сите напори за обезбедување на неповратни државни финансии и вложувања во Универзитетот за подобрување на актуелните дејности и инвестирање во иновативни процеси на наставно образовниот и научноистражувачки процес, како и подобрување на лабораториските услови за успешна апликативната дејност на УКИМ и соработка со стопанството.
4.2. Меѓународно акредитирани студиски програми
- Севкупна административна и финансиска поддршка за подготовка на комплетна документација за меѓународна акредтација на најмалку една студиска програма по единица на Универзитетот во меѓународни акредитациони агенции (Европски, Канадски, Американски агенции за акредитација);
- Продлабочена соработка со странски високообразовни институции во регионот и пошироко за реализација на заеднички студиски програми на англиски јазик и нивна меѓународна акредитација, а со тоа и зголемување на можностите за мобилност на наставен кадар преку програми за мобилност кои ги нудат Европските и Светски институции;
4.3. Зголемена мобилност на студентите и наставниот кадар
со апсолутна поддршка од страна на Универзитетот за потпишување на нови дополнителни договори од програмите Erasmus Mundus како дел од интегративните функции на Универзитетот, но и подобра промоција и искористување на истите
- Целосна и безрезервна поддршка на единиците за зголемена мобилност на наставен и студентски кадар преку потпишување уште поголем број договори со Универзитетите од Европа и децентрализација на процесот на реализација на мобилност на ниво на единица
- Потпишување на стратешки Договор со Европскиот истражувачки центар (JRC) како поддршка за стратешко планирање и научен развој на УКИМ. Овозможување на програмата „Open Access to JRC Research Infrastructures“
- Ваков договор овозможува непречено користење на лабораториите на JRC за научни истражувања и интензивирање на соработката на Единиците на УКИМ со 7-те истражувачки центри во Европа (JRC Ispra, JRC Petten, JRC Karlsruhe, JRC Gent, JRC Seville, JRC Brussels). Моментално оваа можност, во моментов за жал, ја користи само еден истражувач од Македонија и тоа не од УКИМ, за разлика од Универзитетот во Белград со над 20 свои истражувачи корисници на лабораториите на JRC.
- Потпишување договори со странски донатори и дипломатски претставништва, за обезбедување на стипендии за стручно и научно усовршување на вработените на УКИМ во сите сфери на научни подрачја
4.4. Етаблирање центри на знаења и центри на компетенции
по примерот на европските и светски реномирани Универзитет:
- Целосна соработка со меѓународни организации (UN, UNIDO, UNDP, UNEP, GIZ, USAID, SIPPO, SIDA, OECD, WB, JRC)
- Развој на интегриран Центар за трансфер на технологии- University Technology Transfer Office
- Центар за компетенции – University Center of Competence
- Центар за знаење – University Knowledge Center
- Изработка на физибилити студија за отворање на прв Технолошки парк на Универзитетот и во Република Македонија
- Формирање на истражувачки центри во соработка со стопанството за научни истражувања и апликативни проекти за потребите на стопанството.
Во мандатниот период кој следи, се разбира, доколку ми биде изразена Вашата поддршка за избор во звање Ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, посебно внимание ќе биде посветено на активности поврзани со афирмација на целта:
- Студентот – партнер во високообразовниот процес
Потребата од целосно инволвирање и соработка на студентите во процесите и активностите на Универзитетот е неминовно потребна, посебно во делот на подобрување на квалитетот на образовниот процес и нивната меѓународна мобилност.
Потребно е безрезервно воведување на ИНКЛУЗИВНОСТ, и обезбедување услови за непречено студирање на студенти од ранливи категории и обезбедување на услови за студенти со попреченост.
Посебно внимание ќе биде посветено на транспарентен, и добро вос¬пос-тавен однос професор-студент, нула толеранција за непотизам и корупција
5.1. Унапредување на кариерен центар на Универзитетот
како дел од меѓународната мрежа на кариерни центри на Универзитетите од Европа; со свои центри во рамките на Единиците. Потреба од издигнување на меѓународното значење на кариерните центри е неопходно колку е можно побрзо да биде реализирано за да се обезбедат потребните подготовки за поагресивен настап на студентските организации во меѓународното вмрежување во рамките на европските програми за студенти, настава, практична настава, (internship programs)
Од тие причини посебно внимание ќе биде посветено на следниве под цели:
- Зајакнување на дејноста на Центарот за кариера, за зголемени можностите за вработување, дополнителна едукација и можности за самовработување.
- Потткинување на претприемничкиот дух кај студентите; инволвирање на студентите во научноистражувачки проекти во земјава и странство, односно нивно учество во билатерални и мултилатерални проекти;
- Обезбеден континуитет во реализација на теренска настава во земјата и странство; соработка со стопанството за реализација на практичната настава и практикантсвото (internship program)
Засилени активности на Центарот за развој на нови бизниси кои се насочени кон зелени технологии и дигитализација, соодветно на новите трендови на Европските и Светски реномирани Универзитети и Стратегии за развој после 4-та индустриска револуција
- Дополнителни обуки за самовработување на дипломираните студетни на УКИМ
- Поддршка на студентите во отпочнување на сопствен бизнис и менторирање во првите две години
- Поврзување на старт-ап фирмите формирани од студентите и професорите со инвеститори, бизнис ангели и инвестициски фондови
Формирани студентски репрезен¬тации и спортски тимови, кои го претставуваат Универзитетот на домашната и меѓународната спортска и научна сцена
- Универзитетот посебно ќе се грижи за здравјето и за културното воздигнување на своите студенти и ќе ги унапредува спортските и културните активности на младите во своите редови
- Континуитет во поддршката и поттикнувањето на спортските активности и здравјето на студентите; тимови како приоритетна задача за нивно учество на Универзијади;
- УКИМ претприемачки универзитет за 21-ви век
Основната задача за наредниот мандатен период мора да биде Подобра финансиската состојба и слобода на единиците и Универзитетот во целина; преку
- Формирање на јавни установи, трговски друштва, компании во рамките на Универзитетот и Единиците соодветно
- Поддршка на креативни бизниси во рамките на Универзитетот;
Имено, Законот за високото образование дозволува без било какви пречки Универзитетот да биде отворен и за соработка со стопанството во реализација на јавно-приватно партнерство и искористување на сите можни расположливи ресурси на Универзитетот (имот со кој располага низ територијата на цела Република Македонија, а кој во целост може да се искористи во научни и апликативни дејности, на пример „Испитно поле“ Тетово, одморалиште „Универзитетски центар Охрид“ и други ресурси со кои Универзитетот располага), а со кои во моментот, поради ограничени финансиски средства и потребни вложувања, Универзитетот не е во можност успешно да управува и да има финансиска добит.
Отворен и моќен Универзитет знае и умее да управува и да склучува успешни договори со стопанството и со компаниите во Македонија, а сето тоа во насока на подобрување на материјалниот и финансиско работење и искористување на сите заработени финансии за реализација на целите поврзани со визијата и мотото!
- Токму затоа, потребна е зајакната соработка со стопанството, компаниите и услужните дејности, за подобрување на апликативната дејност на вработените и Единиците од Универзитетот, како основа за зајакнување на позицијата и можностите за делување во сферите на стопанството
- Имплементирање на мерки, решенија и акти за воведување поголема слобода и систем за управување со апликативните дејности во сите сфери и научни области кои ги покриваат Единиците/ Универзитетот како доминантно компетентна институција за покривање на сите дејности во законски регулирани сфери и инспекциски тела, соодветно на нормативните акти и законската легислатива во Македонија;
- Опремување на лабораториите преку донации и продлабочена соработка со домашни и меѓународните институтции;
- Безрезервна поддршка на сите активности насочени кон акредитација на Постоечките лаборатории согласно законските прописи;
- Отворање на Центар за образование во полето на политехнички науки за реализација на студиски програми согласно потребите и активно учество на предавачи и наставен кадар од реалниот сектор, односно стопанството, и ќе се овозможи студентите да се стекнат со професионални вештини и знаење кое е законски домашно и меѓународно признаено знаење од V-ти степен образование.
- Имено, Македонија е обврзана да има усвоена Стратегија за паметна специјализација, со која образованието со висок квалитет, науката и истражувањата мора да се во спрега со стопанството и неговите потреби, бидејќи со развојот на индустријата, со развојот на нови технологии и производи, со правилен развој на човечки ресурси, може да се дојде до производи, кои ќе бидат „made in Macedonia“.
- Следење на странските инвестиции во Македонија и усогласување на потребите преку школување на кадар потребен за нив и во склад со технолошките трендови низ образовни форми на стручни студии од 60-120 ЕКТС со што ќе се овозможи трнасформација на техничко-технолошките факултети и нивно приближување кон индустријата
- Инвестиции во лаборатории во облик на јавно-приватно партнерство е цел кон која треба да се стремат Единиците на Универзитетот, кои имаат традиција на соработка со компаниите, а не се во можност да обезбедат финансиски средства (преку можностите кои ги нудат Корпоративните партнерства). Отворањето на Универзитетот е неминовно, посебно земајќи ја во предвид економската моќ на Република Македонија и предизвиците со кои се соочува.
- Потребата од професионални и стручни студии по терк на европски студиски програми во соработка со домашните и странски компании, дава огромна можност Универзитетот да се етаблира како двигател на процесот на приближување кон Европската унија, односно посветеност на креирање и акредитација на студиски програми кои ќе бидат во служба на потребите на индустријата, стратегијата за паметна специјализација, одржливиот развој, циркуларна економија и други актуелни проблематики со кои се соочуваат компаниите, а за кои е потребен мултидисциплинарен пристап.
- Привлекување финансиски средства преку почесно именување на студиски програми/ лаборатории/ објекти по соодветниот инвеститор (Донации Endowments, Ограничени донации, Неограничени донации,)
7. Активна Алумни асоцијација
Основана цел е целосно интегрирање на Алумни асоцијацијата во сите столбови на дејност на Универзитетот: наставната, научноистражувачката и апликативната дејност. Потребата од воспоставување на повратна врска и добивање информации од вработени поранешни УКИМ студенти во насока воспоставување на систем на следлидливост (tracking system) на дипломираните УКИМ студенти во светот на работодавачите, Соби¬рање на информации за понатамошно унапредување и усовр¬шување на студиските програми согласно потребите на пазарот на трудот.
Зајакнување на Алумни асоцијација и постојано надградување на база на податоци од дипломирани, магистр¬и¬рани и докторирани студенти на Универзитетот во Кариерниот центар.
Блиска соработка со членовите на Алумни асоцијацијата во насока на зајакнување на капацитетите на Универзитетот, преку активно вклучување на Алумни во реализација на дејноста на Универзи¬те¬тот во сите три основни столба – едукација, наука, апликација, вос¬та¬но¬вување на принципи на делување за асоцијацијата во насока на меѓународна промоција на Универзитетот
Посебно внимание ќе биде посветено на Гостувачки предавања од страна на бизнис заедницата, како и менторирање на карирениот развој на на успешните студенти од страна на бизнис партнерите-членови на Алумни асоцијацијата преку нивно ангажирање во реалниот наставно образовен и научноистражувачки процес.
Нам ни е потребен Универизтетски пристап: ВО ЧЕКОР СО ВРЕМЕТО – да водиме реален процес на создавање на квалитетен високообразован кадар, подготвен со ИНОВАТИВНОСТ, КРЕАТИВНОСТ, ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ДУХ И ЗНАЕЊЕ за потребите на стопанството и општествено – економскиот развој на Македонија.
Изразувам огромна благодарност до целиот тим и академската заедница на УКИМ кои со свои сугестии придонесоа во изготвување на оваа програма која ја приложувам кон мојата пријава на јавниот оглас за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за мандатен период 2023-26 година.