ПОВЕЌЕ

    СЕ ОГЛАСИ ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ: Најавениот штрајк на контролорите на летање се забранува, незаконски е!

    Време зa читање: 2 минути
    Привремено е забранет најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на Република Северна Македонија, ја објави денес својата одлука Основниот граѓански суд Скопје. Судот, имено, го усвои предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка на забрана за штрајкот, кој го најавија контролорите на летање за 20 и 24 октомври, во периодот од 10 до 15 часот.

    Според најавата за штрајк, беше планирано да нема полетувања и слетувања на Скопскиот и на Охридскиот аеродром од 10 до 15 часот на 20 октомври и да се работи само со еден сектор со максимален број на 30 авиони што ќе ја прелетуваат Македонија, односно со намален капацитет за околу 50 посто од постоечката побарувачка и тоа ќе се повторува секој следен понеделник во исто време.

    Судот утврдил дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби, бидејќи не била спроведена постапка за мирно решавање на колективните спорови, а штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.

    Од М-НАВ АД Скопје го поздравија решението на Судот, нагласувајќи дека компанијата останува посветена на почитување на законитоста, обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во земјата.

    Пред само неколку дена, медиумите објавија дека македонскиот воздушен простор требаше целосно да се затвори на 20 и 24 октомври поради најавен штрајк на контролорите на летање. Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) тогаш ја активираше одлуката за штрајк, објаснувајќи дека менаџментот на М-НАВ не ги исполнил претходно дадените ветувања и дека состојбата во претпријатието е загрижувачка поради кадровски одложувања и блокади.

    Од синдикатот тогаш посочија дека 20 октомври бил намерно избран како датум за почеток на штрајкот, веднаш по завршувањето на локалните избори, „за да не се остави простор раководството на М-НАВ да го прикаже штрајкот како политички мотивиран“.

    Со најновата одлука на Судот, засега штрајкот е привремено забранет, а воздушниот сообраќај во Македонија ќе продолжи непречено да функционира.

    (Илустрација: ATC Air Traffic Control)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично