ПОВЕЌЕ

    ПРИВАТНИТЕ КОМПАНИИ СИЛНО ЗАЧЕКОРИЈА кон инвестирање за изградба на фотоволтаични централи

    Време зa читање: 2 минути

    Сè повеќе компании поставуваат фотонапонски панели за да можат да ги задоволат потребите на основната дејност која ја работат. Во 2023 година Регулаторна комисија за енергетика издала лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW, додека во 2022 година се издадени лиценци за 152,2 MW. Овие податоци посочуваат дека струјата од сонце се покажа како главен штит на приватниот сектор во борбата за економски опстанок, зголемена конкурентност, раст и развој

    За помалку од три години над 1.200 лиценци за производство на струја од обновливи извори поминаа низ регулаторен филтер и се квалификуваа да се приклучат на мрежата. Тоа резултирало со инвестициски бум во обновливи извори кои го стопиле увозот на струја од 40 % на 2,75% .

    -И денеска тој процес е незапирлив и енергетскиот круг се очекува да се затвори преку инвестиции во батериски системи и обезбедување на балансна енергија посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ на панелот Обликување на обновливите политики: Дијалог со регулаторите од Западен Балкан во рамките на недела на енергетика на Западен Балкан, што се одржува во Будва, Црна Гора.

    Како што вели тој, високите цени на електрична енергија е клучниот момент кој ги мотивирал приватните компании да почнат со силен инвестициски циклус во изградба на фотоволтаични централи со цел да добиваат пониски сметки за струја.

    Инвестициите во обновливи извори се тренд кој допрва ќе расте. Бислимоски додава дека сега треба да се насочат инвестиции кон обезбедување на балансна енергија и во развој на мрежа.

    Регулаторите од регионот се согласија дека инвестициите во т.н енергетски автопат – преносната и дистрибутивна мрежа мора да биде приоритет на секоја влада затоа што се гарантира енергетска сувереност преку сигурна и стабилна испорака на енергенси и се намалува можноста за блек аут.

    Енергетскиот сектор долго време беше запоставен, во период кога глобалните енергетски предизвици се сè поприсутни, државата се соочува со потребата од модернизација на енергетската инфраструктура, како и пренасочување кон обновливи извори на енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично