Дваесетина приватни средни училишта функционираат во земјава, кои работат според домашното законодавство. А според податоците на Државниот завод за статистика во 2017 година имало 1.822 ученци запишани во приватните средни училишта. Од нив, 53,5 отсто биле машки. Најголемиот дел од учениците запишани во приватните средни училишта доаѓаат од скопскиот регион, потоа од Полошкиот, па Југозападен, по што следува Југоисточен регион, а најмалку се од Пелагонискиот регион. „Таргет Груп“ ги анализира финансиски резултати за работењето на приватните средни училишта во последните три години.
Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ – со најголеми приходи и добивка
Ако се гледа низ призмата на финсиските резултати што ги прават приватните средни училишта, тогаш училиштето „Јахја Кемал“, изминатите години ги има најголемите приходи и добивки. Ова приватно средно училиште минатата година имало приходи во износ од 3,7 милиони евра. При тоа, ланската година била поуспешна за менаџментот на ова училиште со оглед дека приходите се зголемени за 8,6 отсто во споредба со претходната година. Финасиските резултати од работењето на ова училиште, кое името го носи по еден од најзначајните турски писатели и поети Јахја Кемал Бејатли, кој бил роден во Скопје – покажуваат дека во последните три години приходите се поголеми од 3,4 милиони евра.
Минатата година училиштето има добивка од 135 илјади евра, што е најголемата добивка остварена во овој бизнис. Но, ако се спореди со претходините две години се забележува дека добивката е намалена. Па така, лани добивката е помала за 33,2 отсто во споредба со претходната година, додека пак во 2017 година изнесувала близу 179 илјади евра.
Во ова училиште кое е основано во ноември 1996 година во Скопје, минатата година биле вработени, 243 луѓе, а нивниот број во последните две години бележи пад. Односно во 2017 година во училиштето работеле 265 луѓе.
Врз основа на овие показатели, произлегува дека добивката по вработен во ова училиште изнесува нешто повеќе од 555 евра.
Година | Приходи | Добивка | Број на вработени |
---|---|---|---|
2017 година | 3,450,000 € | 179,000 € | 265 |
2018 година | 3,420,000 € | 202,200 € | 255 |
2019 година | 3,700,000 € | 135,000 € | 243 |
Приватното средно училиште „Алгоритам Центар“, минатата година ја има втората најголема добивка во оваа дејност. Одосно, добивката на ова училипте изнесува 77.800 евра. Сепак, во последните две години улилиштето има намалена добивка, и тоа минатата година е намалена за 16,4 отсто, додека пак во 2017 година ова училиште имало добивка во износ од 122,200 евра.
„Целите и задачите главно се детерминирани од внатрешните процеси и реформи на македонскиот образовен систем гледано во поширок, општествен контекст, како и од европските и светските движења и реформи на средното образование“, е наведено на интернет страната на приватната гимназија Алгоритам.
Во ова училиште, минатата година имало приходиод 297.000 евра и истите се намалени за 6 отсто во споредба со претходната година. Во ова средно училиште лани работеле 11 луѓе со што добивката по вработен изнесува нешто повеќе од 7 илјади евра.
Средното училиште „Мариф Интернационал“, регистрирано во тетовското населено место Брвеница, минатата година има приходи од 1,3 милиони евра. Приходите на ова училиште имаат значителен раст во изминатите две години, па така лани се зголемиле за 88,8 отсто во споредба со претходната година, додека пак во 2018 година споредено си 2017 година забележуваат раст од 268,7 отсто.
Во ова приватно средно училиште кое е поврзано со турската фондација Маариф , минатата година е направена добивка од 51.400 евра, која пак е за 66,9 отсто намалена во однос на претходната година. А во ова училиште лани работеле 95 луѓе.
„QSI Интернационално“ училиште, лани има приходи од 536.000 евра, но не пприкажува добивка во изминатите три години. Додека пак „Американско училиште Макeдонија“ лани има приходи од 259.900 евра и добивка од 9.700 евра.
„Академија Леонтиќ“ е приватно средно училиште каде се изучуваат фризерски и козметички техники. Училиштето е во сопственост на Васка Леонтиќ а основано е во 2008 година. Минатата година има приходи од 42.300 евра, но не прикажува добивка во последните три години. Во истовреме пак има раст на приходите. Лани во ова училиште нема вработени, додека претходните две години има по еден вработен.
Приватното средно училиште пак под називот „Св Лука“ со работа стартува во 2018 година а учениците се кфалификуваат за здравствената струка. Во ова училиште ги има профилите медицинска сестра, забен техничар, физиотерапевтски техничар, како козметички техничар.
„Стручната и теоретска настава ја изведуваат врвни професори во соработка со Клиниката „Жан Митрев“,“ е наведено на интернет страната на училиштето.
Наставата се изведува на македонски и англиски јазик, а учениците следат и интензивна настава по германски јазик, со тоа што по завршувањето на третата година ќе бидат оспособени целосно да следат теортетска и практична настава на германски јазик, ниво Ц1 при посета на клинички центри и училишта во Германија. Ланските приходи на ова училиште се 23.900 евра, додека добивката е 137 евра. Во училиштето „Св Лука“ има тројца вработени.
Десет приватни средни училишта со најголеми приходи
Училиште | Приходи | Добивка |
---|---|---|
Јахја кемал | 3,700,000 € | 135,000 € |
Мариф Интернационал | 1,300,000 € | 51,400 € |
QSI Интернационално училиште | 536,000 € | / |
Алгоритам Центар | 297,000 € | 77,800 € |
Американско училиште Македонија | 259,900 € | 9,700 € |
Средношколска академија за бизнис и администрација | 159,900 € | 1,700 € |
Американска гимназија Скопје | 72,800 € | 2,800 € |
Академија Леонтиќ | 42,300 € | / |
Гимназија Ведра | 24,100 € | 38 € |
Св. Лука | 23,900 € | 137 € |
Извор на податоци: „БизнисМрежа.Мк“.
Анализа на податоци: Таргет Груп