Администрацијата на сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, го претстави предлогот на државниот буџет во износ од шест илјади милијарди долари, со кој се планира да се зголемат трошоците за развој на инфраструктурата, образованието и борбата против климатските промени.
Предлогот за буџетот на претседателот од редовите на демократите се соочува со силно противење на републиканците, кои се обидуваат да ја запрат политиката на трошење на администрацијата, како и плановите за зголемување на даноците за побогатите граѓани и големите корпорации.
Планот за следната фискална година предвидува трошење од 6.000 милијарди и приходи од 4.170 милијарди долари, што кога станува збор за расходите, претставува зголемување од дури 36,6 проценти во споредба со 2019 година.
Дефицитот би изнесувал 1,830 милијарди долари, што е помалку отколку во последните две години поради пандемијата на коронарниот вирус, но е повеќе од 984 милијарди долари, отколку што беше во 2019 година.
Претставници на Белата куќа посочија дека предложениот буџет од 4.000 милијарди американски долари е наменет за решавање на историскиот проблем на нееднаквост, климатските промени и за да се овозможи целосно бесплатно запишување во јавните колеџи во следните 15 години, додека повисоките даночни трошоци ќе започнат да се намалуваат. по 2030 година.
Сесилија Роуз, претседателка на Советот на економски консултанти на претседателот Бајден, истакна дека предлогот на буџетот е ориентиран кон иднината и дека американската администрација го прифаќа дефицитот во услови на ниски каматни стапки, со цел да се реализираат инвестициите во економијата. Таа верува дека дефицитот ќе биде под 2.000 милијарди долари во следните години.
Рауз прецизираше дека економијата може да доживее краткорочни инфлациски шокови, стимулирани од брзиот раст, додавајќи дека таа очекува инфлацијата да се намали на годишна стапка од околу два проценти со текот на времето.
Администрацијата смета дека зголемените инвестиции ќе го зголемат економскиот раст во САД. Тековната прогноза на Белата куќа предвидува двојно зголемување на бруто домашниот производ во 2031 година, во споредба со проценките на ФЕД од 1,8 проценти.
Предлогот за буџетот претставува остар пресврт во однос на политиката на претходниот претседател Доналд Трамп, кој бараше намалување на трошоците за владините агенции. На пример, Министерството за образование, според планот на Бајден, доби 41 процент повеќе пари, а Министерството за трговија 28 проценти повеќе пари. Министерството за здравство и човечки ресурси доби 24% зголемување, а Агенцијата за заштита на животната средина 21% повеќе пари.
Администрацијата предлага да се зголеми буџетот за неодбранбениот сектор за 16 проценти, додека 1,7 проценти повеќе пари се издвоени за трошење на одбраната, така што буџетот на Пентагон ќе биде околу 753 милијарди долари.
Критичарите на ваквиот план, сепак, сметаат дека тоа ќе ги зголеми владините трошоци за даночните обврзници, ќе го зголеми дефицитот и ќе ги намали трошоците во некои области.