ПОВЕЌЕ

    ПРЕД ДА СТАПАТ НА СИЛА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП, Apple со пет авиона пренел стотици илјади свои производи од Индија и Кина во САД

    Време зa читање: 3 минути

    Со пет целосно исполнети авиони Apple направил испорака на своите iPhone и други производи од Индија и Кина до САД за само три дена пред воведувањето на царините кои на 2 април ги најави Доналд Трамп, објави The Times of India. Компанијата на овој начин се обидела да ги намали штетите во трката против новата политика на Трамп, која наметна реципрочна царина од 10% и повеќе, за сите земји кои започнаа на 2 април. Со овој потег, барем засега Епл успеа да го одложи поскапувањето на своите производи, кое ќе беше неминовно откако царините стапија на сила.

    Извештајот сугерира дека со брзата испорака, Apple успеал да ги задржи цените стабилни – но само засега. Магацините во САД, наводно, се наполнети со складирани производи за следните неколку месеци, дозволувајќи му на технолошкиот гигант да го одложи глобалното прилагодување на цените додека го проучува влијанието на царините низ производствените центри, како што пишува The Times of India.

    Според TechNews, ова се главните производствени локации на Apple :

    за iPhone: Кина (сите модели), Индија (iPhone 14–16), Виетнам (одредени компоненти), за Mac: Кина (MacBook Air/Pro), Виетнам (некои модели), Тексас, САД (ограничени модели од високата класа), за iPad: Кина (сите модели), Виетнам (ограничено производство), за Apple Watch: Кина (сите модели), Виетнам, за AirPods: првенствено се произведуваат во Виетнам, со одредено производство во Кина

    И покрај тарифната криза, Apple изгледа има корист од својата стратегија „Произведено во Индија“, како што објави The Economic Times. Додека реципрочните тарифи на Трамп погодија над 180 земји, вклучително и тарифите од 26 отсто за Индија, стапката е многу пониска од 54 отсто на Кина и на Виетнам од 46 отсто. Во извештајот се додава дека Apple пресели до 15% од своето производство на iPhone во Индија.

    Во меѓувреме, компанијата внимателно проучува како различните царински правила во различни земји би можеле да влијаат на нејзиниот синџир на снабдување. САД остануваат еден од клучните пазари на Apple, а компанијата се обидува да избегне пренесување на повисоки трошоци на клиентите.

    САД, исто така, најавија уште поостри царини од 26% од 9 април. Ова може дополнително да влијае на долгорочните производствени одлуки на Apple.

    Во моментов, Индија игра растечка улога во глобалниот синџир на снабдување на Apple. Земјата главно произведува iPhone и AirPods, а во споредба со Кина, Индија нуди предност во трошоците. Извозот од Индија ќе се соочи со царина од 26% според новото правило, додека стоките од Кина ќе се оданочуваат со 54%. Тоа е огромна разлика од 28% – доволно за Apple сериозно да размисли да префрли поголемо производство во Индија.

    Во моментов, Apple стои зад најголемиот дел од индискиот извоз на паметни телефони од 9 милијарди долари во САД. Сè уште не е јасно како ќе се развиваат идните царински правила, Индија се обликува да биде најбезбедниот и најпаметен облог на Apple за производство надвор од Кина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично