ПОВЕЌЕ

    P2P инвестирање – паметна стратегија во време на инфлација

    Време зa читање: 5 минути

    Тивкиот непријател на вашите заштеди и инвестиции е се поголемата инфлација. И додека традиционалните форми на штедење и инвестирање сè потешко го задржуваат својот реален принос, се повеќе инвеститори во Македонија бараат поиновативни начини да го заштитат и зголемат својот капитал.

    Решението? P2P инвестирање – модел кој последните години добива сè поголема доверба и популарност помеѓу инвеститорите во Македонија..

    Зошто инфлацијата го јаде вашиот капитал?

    Инфлацијата е економски феномен кој секогаш ја предизвикува истата загриженост – како да се заштитат заштедите и инвестициите кога цените постојано растат?

    Со други зборови, колку е повисока инфлацијата, толку помалку можете да купите со истата сума од претходната година. Во последните неколку години, инфлацијата во Македонија беше значително повисока од просечната банкарска каматна стапка.

    Кога инфлацијата расте, штедењето на класична штедна книшка со ниска каматна стапка (типично помалку од 0.1% до 0.5% годишно), значи дека реалната куповна моќ на вашата заштеда опаѓа.

    Во вакви услови, многу инвеститори бараат сигурни начини да го сочуваат капиталот, а една од најиновативните алтернативи е P2P инвестирањето.

    Инфлација во Македонија и нејзините ефекти 

    Во 2025 година, според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во Македонија (мерена преку индексот на трошоците на животот) бележи пораст од 4% во однос на септември 2024 година. Иако ова претставува умерено намалување во споредба со претходните години, ефектот на инфлација сè уште директно влијае врз реалната вредност на парите.

    За разлика од класичните банкарски производи, P2P платформите, како P2P.mk овозможуваат да инвестирате директно во кредити и да остварите значително повисоки приноси. Со P2P.mk вашите инвестиции не само што не ја губат вредноста, туку и растат со текот на времето.

    Инфлација и ризици при традиционалните инвестиции

    Кога се зборува за инфлацијата, најчесто се спомнува и нејзиното влијание врз пазарите на капитал. Вложувањето во акции и инвестициони фондови може да донесе добри резултати во одредени периоди, но истовремено е изложено на големи промени и неизвесности.

    Инфлацијата е ризик што тешко може да се предвиди, бидејќи зависи од бројни фактори: монетарна политика, глобални пазари, цени на енергенси и политичка стабилност. Кога инфлацијата расте, приносите од овие вложувања често не успеваат да ја покријат изгубената реална вредност, што ја прави потребата од стабилна алтернатива уште понагласена.

    P2P.mk – сигурност и доверба во време на неизвесност

    Во време кога инфлацијата ја намалува вредноста на заштедите, P2P инвестирањето нуди паметна алтернатива. Преку платформата P2P.mk, инвеститорите имаат можност да вложуваат директно во кредити и да остваруваат приноси од 7% до 14% годишно, во зависност од избраниот инвестиционен план.

    Таквиот принос го надминува ефектот на инфлација и овозможува раст на капиталот дури и во економски нестабилни услови. Она што ја издвојува P2P.mk е фактот што внимателно ги селектираме кредитните понуди, со проверени финансиски институции и целосна транспарентност кон инвеститорите.

    Дополнителна предност е тоа што P2P моделот овозможува диверзификација на инвестициите, односно распоредување на средствата во повеќе кредити со различен ризик, што дополнително ја зголемува стабилноста на вложувањето.

    Инфлација vs. P2P принос

    Економски показател  Процент / Опсег
    Инфлација (септември 2024 – септември 2025) 4%
    Просен принос преку P2P.mk 7-14%

    Како што покажува табелата, преку P2P.mk, со 7 – 14% годишен принос преку P2P инвестирање, вие не само што го „неутрализирате“ ефектот на инфлацијата од 4%, туку остварувате и реален раст на капиталот.

    Со P2P инвестирање преку P2P.mk, имате можност:

    • Да го заштитите капиталот од инфлација,
    • Да создадете стабилен пасивен приход,
    • Да инвестирате со доверба и контрола.
    • Да добиете дополнителна безбедност за вашите инвестиции со Buyback гаранцијата.

    Безбедност и контрола над инвестициите

    Многу инвеститори се прашуваат: „Колку е безбедно P2P инвестирањето?“ Одговорот лежи во транспарентниот и дигитализиран модел на P2P.mk, кој им овозможува на инвеститорите:

    • Инвестирање во повеќе кредити (диверзификација) за намалување на ризикот
    • Можност за инвестирање во различни понуди (P2P Start, P2P Max, P2P Safe).
    • Следење на статусот и приносите во реално време.
    • Поголема предвидливост и стабилност.

    Како да започнете со P2P инвестирање во Македонија?

    Започнувањето е едноставно и достапно за секого преку нашата :

    1. Се регистрирате бесплатно на P2P.mk.
    2. Депонирате средства (можност и со минимален износ од 3000 мкд, што е погоден и за почетници).
    3. Избирате кредити според вашиот ризик и очекуван принос.
    4. Вашата инвестиција почнува да работи за вас.

    За неколку минути можете да започнете пасивно да заработувате и да ги заштитите вашите пари од инфлацискиот ефект.

    P2P.mk – не дозволувајте вашите инвестиции да губат вредност

    Инфлацијата не мора да биде ризик – ако знаете каде и како да ги насочите вашите средства. Инфлацијата е реалност, но не и пречка за паметниот инвеститор. Со P2P инвестирање, наместо да гледате како вредноста на вашите средстсва се топи, можете активно да ја зголемувате.

    Во време кога секој процент е важен, изберете стратегија која работи во ваша корист. Изберете вашиот капитал да работи за вас.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично