ПОВЕЌЕ

    Новиот корона бран ја намали деловната активност во еврозоната

    Време зa читање: 2 минути

    Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци.

    Индексот во еврозоната, кој ги разгледува активностите во производствениот и во услужниот секторот, падна на најниско ниво во октомври на 49,4, наспроти 50,4 во септември, а пад под 50 претставува контракција на активноста.

    Најновите бројки покажаа дека производството остана донекаде еластично во текот на минатиот месец, но активноста во услугите падна на најниско ниво за пет месеци.

    Евро-зоната е под зголемен ризик за двојно опаѓање, бидејќи вториот корона бран доведе до нов пад на деловната активност во октомври“, рече во својата изјавата Крис Вилијамсон, главен деловен економист во IHS Markit.

    Тој додаде дека интензивирањето на ограничувањата на Ковид-19 зема сè поголем данок во услужниот сектор.

    Нови ограничувања

    Најновите бројки на економски пад  се резултат на новите ограничувања низ еврозоната,со оглед на тоа што во ек е вториот бран на корона вирусот.

    Франција воведе нов полициски час минатата недела и одлучи да го прошири во повеќе региони, што значи дека рестораните и баровите во градовите како Париз, Марсеј и Лион треба да се затворат во 21 часот, по локално време. Индексот кој ги разгледува аквитностите во производствениот и во секторот услуги во Франција достигна 47,3 во октомври, пет месеци минимум, во споредба со 48,5 во септември.

    Холандија се врати на делумна блокада минатата недела, бидејќи вирусната инфекција се зголемија во земјата. Новите ограничувања вклучуваат: Не повеќе од три домашни посетители на ден; рестораните и баровите мора да се затворат.

    Во меѓувреме, Ирска најави забрана за четири недели за посети на домаќинства, а Германија ги советува луѓето да не патуваат во скијачките центри.

    Германска дивергенција

    Истиот индекс во Германија достигна 54,5 во октомври со оглед на важноста на нејзината производствена индустрија за целокупната економија.

    Германија се грижи за состојбата на нејзиниот производствен сектор, кој доживеа историски пад, а од друга страна неопходни се мерки кои ќе го спречат ширењето на корона вирусот“, рече Вилијамсон

    Предизвиците со кои се соочува еврозоната во пресрет на пандемијата, вршат дополнителни притисоци врз Европската централна банка. Економистите сметаат дека понатамошниот паричен стимул е на пат пред крајот на годината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично