На Русите и Кинезите им чкрипи заедничкиот проект за патнички авион тежок 50 милијарди долари

Време зa читање: 4 минути

Иднината на најголемото воздухопловно заедничко вложување меѓу Кина и Русија изгледа мрачно поради интензивираните несогласувања меѓу нив за тоа како да го делат профитот и поради можноста за учество на западните компании.

Русите се незадоволни бидејќи Кина сака да ги покани западните компании да учествуваат во проектот вреден 50 милијарди американски долари за развој на нов патнички авион, познат како CR-929, според два независни извори. „Една од клучните причини е тоа што Пекинг се надева дека патничкиот авион CR-929 ќе ги исполни западните стандарди за пловидбеност. Авионот со широко тело е дизајниран да лета до САД и Европа, па затоа би било подобро да се изберат некои клучни компоненти со споделување на некои нарачки со европски и американски производители“, рече еден извор кој е запознаен со ова прашање.

На пример, Пекинг сака да користи американско или германско подвозје, додека Русија инсистира да користи сопствено, и покрај нивното слабо безбедносно досие, продолжи изворот. „Руската страна го смета изборот на Пекинг да ги користи западните компоненти како покажување бело знаме на Запад во услови на глобални санкции по руската инвазија на Украина“, рече изворот.

CR929-600 е планиран патнички авион со долг дострел, со 280 седишта, што го развиваат корпорацијата за комерцијални авиони од Кина со седиште во Шангај и руската Обединета корпорација за авиони. Проектот започна во 2017 година со цел да ги предизвика меѓународните производители како што се Боинг во САД и Ербас во Европа.

Друг извор рече дека Кина сака да ја исклучи Русија од делот од профитот од кинескиот пазар и наместо тоа да го подели профитот кој би доаѓал од остатокот од светските пазари, така што Русија би имала поголем удел од дури 70 отсто. Но, кинескиот пазар веројатно ќе биде многу попрофитабилен од кое било друго место, што значи дека Русија потенцијално би имала многу помалку да добие од потфатот.

„Се предвидува дека само на кинескиот пазар ќе му бидат потребни повеќе од 3.000 широко тело авиони во иднина, со што ќе се осигура дека сегашните пазарни удели на Боинг и Ербас ќе останат непроменети“, рече вториот извор. „Москва сфати дека надвор од Кина е многу тешко за CR929 да ги привлече потенцијалните клиенти од конкурентите како Боинг и Ербас.

Извештаите на руските медиуми сугерираат дека земјата размислува целосно да се повлече од проектот. Минатиот месец државната новинска агенција Тас објави дека вицепремиерот Јуриј Борисов рекол на форумот „Инженери на иднината“ во РУсија: „Ние работиме со Кина на овој проект кој, во принцип, не оди во насока што ни одговара. Кина, како што станува индустриски гигант, се помалку е заинтересиран за нашите услуги. „Нашето учество се намалува и се намалува. Не сакам да ја предвидувам иднината на овој проект, дали ќе го оставиме или не, но засега вака стојат работите“.

Авионот треба да го изврши својот прв лет следната година, но вториот извор рече дека Русија заостанува во правењето крила поради недостаток на капитал.

Моторот сè уште е во развој и Кина размислува да донесе западни фирми како Ролс-Ројс и Џенерал Електрик кои ќе работат на оваа компонента и покрај надежите на Русија да придонесе во овој аспект на проектот.

Игл Јин, научен соработник во Кинеската фондација за меѓународни и стратешки студии во Пекинг, рече дека Кина се обидува да ги подобри односите со Западот поради последиците од руската инвазија на Украина и покрај нејзините тековни несогласувања со Соединетите Американски Држави. „Во споредба со непријателството на САД кон Кина, европските земји би можеле да бидат полесни за справување, бидејќи цела Европа се соочува со заедничка политичка криза по војната во Украина“, рече Јин.

„Сепак, претстојат уште многу предизвици, особено билатералните врски меѓу Кина и САД. Сите напори можат да се движат напред само ако Кси Џинпинг и неговиот американски колега Џо Бајден постигнат нов договор во нивниот претстојниот телефонски разговор“.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично