ПОВЕЌЕ

    МУЦУНСКИ: ДА ПОКАЖЕМЕ ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ одржлив развој и поблиски врски на Западниот Балкан со ЕУ

    Време зa читање: 3 минути

    Берлинскиот процес е иницијатива од 2014 година за поддршка на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.

    Четирите цели на Берлинскиот процес, декларирани од самиот почеток, остануваат непроменети: решавање на внатрешни, отворени билатерални проблеми меѓу земјите на Западен Балкан, помирување меѓу општествата во регионот, подобрување на регионалната економска соработка и, конечно, создавање на основа за одржлив раст на регионот.

    Берлинскиот процес за Западен Балкан слави десетгодишнина. Пред главниот самит на 14 октомври, министрите за надворешни работи се состанаа во Берлин и се обидоа да решат некои од проблемите.

    На покана на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, на состанок учествуваше и македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој истакнал дека потребно е да се удвојат напорите со цел да се поттикнат реформите и да се забрза постепената интеграција, а граѓаните да можат да ги почувствуваат придобивките од членството во Европската Унија за време на процесот на пристапување.

    -Наедно, треба да се искористи рамката на Берлинскиот процес за да ја покажеме посветеноста за постигнување одржлив развој и поблиски врски на Западниот Балкан со ЕУ – потенцирал Муцунски.

    Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, на министерскиот состанок на Берлинскиот процес изјави дека на регионот на Западен Балкан му треба промена на парадигмата и префрлање на фокусот од она што нè дели на она што не обединува.

    -Од почетокот на Берлинскиот процес се направени бројни позитивни чекори во унапредувањето на регионалната соработка, вклучително и формирањето на Регионалната канцеларија за младинска соработка и потпишувањето на договорот за формирање Транспортна заедница на Југоисточна Европа – посочил Ѓуриќ.

    Како што истакнал тој, Србија со силниот економски развој дава пример и на дело покажува дека е вистински заинтересирана за соработка и поблиска регионална интеграција преку конкретни проекти и мерки.

    Перспективите за приклучување кон Европската Унија беа тема на средба на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок со шефовите на дипломатии од земјите од Западен Балкан. Во фокусот на разговорите мво германското МНР е активирањето на регионалниот договор за слободна трговија Цефта (Централноевропски договор за слободна трговија), кој има за цел да ги намали трговските бариери. Спроведувањето на договорот досега беше блокирано поради спорот околу прашањата за статусот меѓу Косово и Србија. До неодамна беше нејасно дали Косово ќе се согласи со договорот и дали натамошна блокада може да доведе до договор без Косово доколку е тоа потребно. Во државите кои се дел од Цефта се вбројуваат Албанија, Црна Гора Босна и Херцеговина, Косово,  Македонија, Молдавија, и Србија.

    -Пресудно за тоа дали за две недели ќе биде само роденденска прослава или пресврт, зависи од тоа дали ќе се постигне договор за имплементација на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Има уште работа за да се постигне тоа – неодредено изјави шефицата на германската дипломатија.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично