ПОВЕЌЕ

    МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА КЛИМАТА СЕ СКАПИ, но штетата од климатските промени достигнува трилиони

    Време зa читање: 3 минути

    Се очекува климатските промени да имаат сложена низа негативни ефекти низ целиот свет, предизвикувајќи сериозни проблеми во областите од витално значење, какви што се здравјето, земјоделието и шумарството, водите, биолошката разновидност и глобалната економија. Нашата држава се соочува со многу од овие клучни предизвици и поради тоа има потреба од големи инвестиции за заштита на луѓето и економијата.

    -Нашата држава се соочува со поплави и екстремни временски настани, кои ја загрозуваат економијата и здравјето на населението, затоа, од витално значење е да се инвестира во силни политики и инфраструктура отпорни на климата. Работиме на Предлог-законот за климатско дејствување кој многу брзо ќе биде доставен за одобрување до Владата и ова е важен чекор кон ублажување на климатските влијанија и намалување на емисиите на стакленички гасови – истакна вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на презентацијата на двата извештаи на Светска банка,

    Во новиот Извештај за климатски промени и развој на земјата на Македонија ќе и требаат вкупно 6,4 милијарди долари до 2035 година за зајакнување на отпорноста кон климатските промени, за ефикасна заштита на луѓето и имотот. Секој долар од овие инвестиции сега, ќе испорача два до десет пати повеќе поврат во иднина заради избегнати загуби и економски копридобивки. На презентацијата се истакна дека Македонија може да стане земја со нето нулта емисии ако инвестира 5,6 милијарди долари до 2050 година во декарбонизација на енергетиката, транспортната индустрија и градежниот сектор. Но, ова се големи бројки и владите сами не ќе можат да ги постигнат, па 85 проценти на декарбонизацијата може да доаѓа од приватниот сектор.

    Според извештајот, транзицијата кон напуштање на фосилните горива може да ја зајакне енергетската сигурност преку поттикнување на пофлексибилен и модерен енергетски систем. Оваа промена, исто така, може да донесе значителни подобрувања во здравјето и економските резултати на долг рок, главно преку подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на оперативните трошоци на енергетскиот систем.

    Воедно, фискалната политика е клучна за забрзување на транзицијата кон позелена економија. Со воведување на даночните политики може да се поттикне обновлива енергија, зелен транспорт и одржливи технологии со укинување на субвенциите за електрична енергија од јаглен, и истовремено да помогнат да се заштитат ранливите домаќинства од зголемените енергетски трошоци. Климатското означување на буџетот и зелените јавни набавки можат да помогнат во следењето на зелените финансии и засилување на зелената потрошувачка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично