ПОВЕЌЕ

    МЕПСО под Енергетика, ЕСМ кај Владата – поделбата согласно европската регулатива  

    Време зa читање: 2 минути

    МЕПСО ќе биде под ингеренции на Министерството за енергетика, а ЕСМ останува под капата на Владата. Производството и дистрибуцијата на струја не може да се под исто министерство, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која за поделбата и за состојбите во ресорот со кој раководи, зборуваше во интервјуто за Радио Слободна Европа.

    Според Божиновска, во тек е изработката на нов закон за енергетика, со кој, меѓу другото, ќе се регулира и разграничувањето на производството на струја и дистрибуцијата, согласно  европските регулативи.

    Засега, посочува, фокусот е на обезбедување електрична енергија за граѓаните во овој зимски период. Воедно, се прават стратегии, и краткорочни и долгорочни. Првите се насочени кон РЕК Битола, на снабдувањето со јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети. Таму, нагласува министерката, состојбата е катастрофална. „Она што го видов е недомаќинско работење, не е водено грижа ниту за блоковите, не е направен никаков ремонт, неквалитетниот јаглен има доведено до многу оштетувања“. И додава, годинава ќе се работи на зајакнување и нормализирање на блоковите, а сериозен ремонт ќе се прави од први април.

    Фокусот, пак, на долгорочните стратегии, нагласува Божиновска, е на создавањето нови капацитети.

    Ред ќе се внесе и кај фотоволтаичните централи, каде што во изменатите години има голема експанзија на изградба од 9.500 мегавати, што е трипати повеќе од она што мрежата може да го поднесе. Божиновска вели дека и ова че се регулира со новиот закон за енергетика. „Се работи на изработка на мастер грид на нашата мрежа. Ќе има над 1.000 мегавати до крајот на годината обновливи извори. Ние сме во согласност со нашите европски партнери за зелена транзиција. И мора да овозможиме нашата мрежа да може да ги прими дополнително овие капацитети“.

    Божиновска во интервјуто на РСЕ зборува и за отворањето на рудниците, на што се противат граѓаните и екологистите. „Ние секогаш ќе ги почитуваме ставовите и волјата на граѓаните, што значи дека како ќе се изјаснат граѓаните, така ние ќе постапуваме, со тоа што ќе ги видиме, секако, и економските бенефиции“. Притоа, појаснува дека во моментот се изготвува и нов закон за рударство и за минерални суровини, кој исто така ги следи европските регулативи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично