ПОВЕЌЕ

    Концептива со инвестиција од 100.000 евра од ХФактор Акцелератор за иновативната платформа за обука – Coach

    Време зa читање: 2 минути

    Концептива Дигитал – македонски стартап со визија да го револуционизира пристапот кон учењето со помош на најновите технологии, доби поддршка од 100.000 евра од велешкиот ХФактор Акцелератор.

    Со помош на инвестицијата тимот ќе го пласира Coach на пазарот, ќе го зајакне маркетинг одделот со нови колеги и ќе ги засили продажбата и маркетинг активностите.

    Главниот проблем кој служел како поттик е тоа што компаниите вложуваат многу средства и време во обуки на своите вработени, но 70% од наученото се заборава за само две недели. Се јавуваат празнини во знаењата кои ги намалуваат перформансите на компаниите во сите сегменти.

    Coach овозможува обуките наместо еднократен настан, да прераснат во континуиран процес на повторување и подобрување. Тоа го постигнува преку сет од интерактивни игри спакувани во мобилна апликација. Менаџментот конечно добива детална слика за нивото на знаење за секој вработен во било кој момент преку администрацискиот панел.

    Во моментов, продуктот е во фаза на тестирање преку неколку пилот проекти со домашни компании, а тимот е веќе во преговори со потенцијални клиенти од САД, Велика Британија, Белгија и др.

    Инвестицијата од 100.000 евра во иновативната платформа за обуки – Coach е четврта инвестиција на X Фактор Акцелератор. Претходно Х Фактор Акцелератор инвестираше во иновативниот производ – сладолед од вино (Wice), во софтверско решение за 3D мапирање – Vision Dynamix, и во Brummell – првото моторџиско сако.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично