ПОВЕЌЕ

    ЌЕ ДОЈДАТ ЛИ 100 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ОД ГАНА ВО СРБИЈА: Српскиот министер тврди: „Не“, од Гана велат: „Пред финализирање на договорот сме“

    Време зa читање: 4 минути

    Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денес ја демантираше информацијата дека српската Влада подготвува договор за увоз на 100.000 работници од Гана. Според Ѓуриќ, информацијата била неточна, наведувајќи дека тоа е уште една во низата манипулации пресметани да предизвикаат социјални тензии и поделби во нашата земја, но и да го доведат во прашање нејзиниот кредибилитет и углед во светот. Ѓуриќ изјави дека министерот за надворешни работи на Гана, Самуел Окуџето Аблаква, бил погрешно протолкуван во врска со работните дозволи што Србија ќе ги издава на странски државјани и истакна дека е вистина дека тој носи многу добри вести и конкретни резултати од пријателска Гана.

    Оние што шират лаги дека Србија е преплавена со граѓани од други континенти, само сакаат да посегнат по вашиот паричник, наместо да ја развиваат економијата, ширејќи страв и нетолеранција. Кому би му пречело ако Србија и Гана се поврзат во оваа и во сите други области, и кој е најсоодветен да извртува и оцрнува сè, особено кога станува збор за африканските земји – одлучете сами“, рече Ѓуриќ.

    Сепак, светски медиуми ја пренесоа информацијата на државната новинска агенција на Гана, ГНА од 17 јули, дека нивната Влада е во напредни разговори со Република Србија за обезбедување дел од 100.000 работни дозволи што европската земја планира да ги издаде оваа година.

    Ова е дел од предложениот договор за мобилност на работната сила, насочен кон создавање можности за работа за младите Ганци и продлабочување на билатералните врски.

    Соопштението беше дадено за време на заедничкиот брифинг за медиумите во Акра од страна на министерот за надворешни работи на Гана, г-дин Самуел Окуџето Аблаква, и министерот за надворешни работи на Србија, г-дин Марко Ѓуриќ, кој е во тридневна официјална посета на Гана, стои во извештајот на ГНА.

    Спогодбата за мобилност на работната сила е во согласност со пошироката стратегија за вработување на Гана и со напорите за меѓународни можности за растечкото образовано младо население во земјата.

    Исто така, ги поддржува напорите на Србија да ја одржи продуктивноста и економскиот раст преку решавање на јазот во човечките ресурси што го остава намалената стапка на наталитет и намалувањето на работната сила.

    Посетата на српскиот министер, која вклучува средби со претседателот на Парламентот и министрите за земјоделство, одбрана, млади и спорт и туризам, е голема пресвртница во растечкото партнерство меѓу Гана и Србија, се наведува. Се очекува двете страни да формализираат неколку договори во наредните месеци, вклучувајќи го и Меморандумот за разбирање за мобилност на работната сила.

    Аблаква истакна дека дискусиите биле навремени и стратешки, со оглед на младото население на Гана и големата побарувачка за квалификувана и полуквалификувана работна сила во Србија, која во моментов се бори со стареење на работната сила.

    Србија има стареење на населението и ќе има потреба од договор за мобилност на работната сила, искористувајќи ја целосно многу младата популација на Гана, со средна возраст од 20 години“, рече тој.

    Министерот Аблаква рече: „Почитуваниот министер за надворешни работи посочи дека оваа година, Србија планира да додели 100.000 работни дозволи, а Гана изрази интерес целосно да го искористи тоа за да можеме илјадници наши млади луѓе да работат во Србија“, рече министерот и додаде дека Гана е желна да биде втората африканска земја, по Египет, што ќе формализира договор за мобилност на работната сила со Србија.

    Српската опозиција на нож ја дочека информацијата дека Србија планира да овозможи издавање на работни дозволи за 100 илјади работници од Гана.

    „Во земја каде што младите масовно емигрираат, селата исчезнуваат, а локалната работна сила е обесправена и потценета, владата одлучува да увезува евтина работна сила за да ги фаворизира странските инвеститори и режимските тајкуни, додека народот на Србија станува вишок во сопствената земја. Народот не му даде мандат на Александар Вучиќ да ја промени етничката и работната структура на земјата зад грбот на сопствениот народ“, изјави Катарина Јелисавчиќ, претседател на Одделот за земјоделство на Народното движење на Србија.

    (Фото: GNA)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично