ПОВЕЌЕ

    Хакери „олесниле“ германска банка

    Време зa читање: 2 минути

    Бразилски хакери украле повеќе од 1,5 милиони евра (1,65 милиони американски долари) од германска банка преку клонирање на дебитните картички на клиентите и покрај тоа што оригиналните картички биле заштитени со ЕМВ (Чип-и-ПИН) технологија.

    Кражбите се случиле минатата недела и ги оштетиле клиентите на германската банка Олденбургс Ландесбанк (ОЛБ).

    Инцидентот го забележале повеќе експерти за компјутерска безбедност коишто ги заинтересирала специфичноста на кражбите – мета биле само дебитните картички „Мастеркард“ издадени од оваа банка.

    Во изјавата објавена по инцидентот, од германската банка ОЛБ соопштуват дека 2.000 клиенти биле жртви на измамата. Банката по нападот се понудила да ги блокира сите дебитни картички „Мастеркард“ и сега е во процес на издавање на нови картички што ќе ги заменат хакираните.

    ОЛБ банката соопшти дека кражбите биле резултат на „организиран компјутерски криминал во кој се вклучени фалсификувани картички и хакирани терминали“.

    Многу германски купувачи се прашуваат како е можно криминална група да клонира картички што имаат вградена ЕМВ технологија, имајќи предвид дека оваа технологија за чип-и-ПИН се промовира токму како најсигурен начин за спречување на ваквите хакерски напади. Досега се покажало во низа случаеви дека ваквите напади се можни и се случуваат веќе неколку години наназад. Но, фактот што овие хакирања се случиле во Бразил, не е за изненадување. Според извештајот од Касперски за 2018 година, кога ваквите напади почнаа да се зголемуваат по број, бразилските хакери стекнаа репутација дека се способни да клонираат ЕМВ картички.

    Шпанскиот аналитичар за компјутерска безбедност и експерт за банкарски измами, Мануел Пинтаг, изјави за медиумите дека Бразил и Мексико се „најголемите лаборатории за клонирање на картички ЕМВ“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично