ПОВЕЌЕ

    ГЕРМАНСКИОТ БРЕНД ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И ВЕНТИЛАЦИЈА Vaillant отвори претставништво во Македонија

    Време зa читање: 7 минути

    Иновативноста и ориентираноста кон клиентите, еколошките, но и економични решенија за греење, ладење и вентилација, како и најсовремената технологија заедно со прочуениот германски квалитет, се компонентите на успехот на германската компанија Ваилант, со деловна традиција долга речиси 150 години. Vaillant е водечки европски производител и бренд кој на корисниците ширум светот им нуди енергетски ефикасни, иновативни и еколошки прифатливи системи за греење, ладење и вентилација со акцент на обновливи извори на енергија. Компанијата вчера, во присуство на амбасадорката на Германија, г-ѓа Анке Холштајн, го отвори своето претставништво во Македонија, кое се наоѓа во населбата Влае, во приземјето на Гарден Ин молот.

    Концернот Vaillant Group e основан 1874 година во Ремшајд, Германија и ден денес е во 100 процентна сопственост на семејството Ваилант. Оттогаш па до денес Ваилант континуирано изнесува на пазарот свои изуми на уреди кои го олеснуваат секојдневието на луѓето, кога станува збор за греењето, ладењето и вентилацијата на просториите.

    ЕКОНОМИЧНОСТА НА ТОПЛИНСКИТЕ ПУМПИ

    Производната програма на Vaillant вклучува: топлински пумпи, високоефикасни кондензациски уреди на гас за греење и подготовка на санитарна топла вода, соларни системи, рекуператори на воздух, електрични уреди за греење и санитарна топла вода, клима уреди, радијатори како и комплетен програм за регулација.

    „Во 1905 бил направен прв ѕиден котел на гас за топла вода, иновација на самата фирма, во 1924 бил создаден првиот котел на гас наменет за греење, кој, повторно, бил иновација на Ваилант. Иновативните решенија продолжуваат и понатаму, Ваилант ги спојува греењето и подготовката на топла вода во еден уред, кој и ден-денес постои“, објаснува Деан Наумовски, менаџер на претставништвото на германската компанија во земјава.

    „Потоа доаѓа искористувањето на топлинската енергија, а нешто подоцна се осмислени топлинските пумпи кои ние како компанија веќе 40 години ги имаме во понудата. Во 2019 Ваилант инвестира големи средства во центар за истражување и развој специјално на топлинските пумпи. Тука е ставен и главниот акцент“, додава Наумовски.

    Со оглед на ваквиот приод, според кој во компанијата Ваилант постојано се истражува и вложува во нови технолошки решенија и производи кои ги исполнуваат па и надминуваат се построгите еколошки стандарди во рамките на Европската Унија, каква е иднината на технологијата, барем онака како што Вашата компанија ја гледа, го прашавме Наумовски. „Накусо, се истражува примената на водородот“, вели тој. „Ваилант веќе има изработено прв котел кој е сертифициран за работа на чист водород. Претходно беше развиен уред со мешан погон- на гас и на водород, а сега веќе е постигната висока ефикасност на уред кој е 100%на водород“.

    Технологијата за согорување на водород ќе се применува во производите наменети за широка потрошувачка, но, за жал, реално е да се очекува дека во Македонија, која доцни и со гасификација, и оваа технологија ќе дојде со задоцнување, вели Наумовски.

    ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ УРЕДИ КАКО ИСПЛАТЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА

    Како енергетската криза и нискиот стандард на македонските граѓани ќе влијае врз побарувачката на производите на реномираниот германски производител, го прашаа новинарите директорот на претставништвото на Ваилант во Македонија. „Топлинските пумпи се енергетски ефикасни производи и нивната потрошувачка на енергија е значително намалена во однос на конвенционални електрични уреди, енергенската ефикасност на пумпите е во сооднос 1:4 во споредба со обичните уреди за греење, па според тоа јасно е колкава е исплатливоста“, вели Наумовски.

    Топлинските пумпи на Vaillant, едни од водечките производи на оваа компанија според продажбата на домашниот и европскиот пазар им нудат бројни предности на своите клиенти како: одржливост (ја намалуваат емисијата на CO2 во споредба со греењето со фосилни горива); удобност (нудат максимална удобност за греење, ладење и подготовка на топла вода); заштеда  (користат обновливи извори на енергија од природни ресурси земја, вода или воздух при што само 25% од вкупната енергија која ја користат е електрична енергија); ниско ниво на бучава (топлинските пумпи се едни од најтивките на пазарот, совршени за користење во густо населени области).

    Дали германски Ваилант, во иднина, можеби планира дел од своето производство да го пресели на Балканот и да инвестира и во производствени капацитети во нашата земја, го прашавме претставникот на компанијата. „Ваилант како групација моментално го става акцентот на проширување на своите производствени капацитети во Германија, а се гради и нова фабрика во Словачка. Во Турција има фабрика за производство на радијатори, Демир Доку, а во Кина – производство за тамошниот пазар“, вели Наумовски. Компанијата вкупно има преку 30 илјади вработени, додава тој.

    НАДМИНАТИ ДУРИ И НАЈСТРОГИТЕ ЕКОЛОШКИ СТАНДАРДИ

    Еколошките стандарди се посебен приоритет за компанијата со еден ипол вековно искуство, па пред две години е промовирана нова топлинска пумпа наречена Аротерм Плус, која користи специјален еколошки фреон со фактор за глобално затоплување 3, за разлика од своите конкуренти, чиишто фактори на глобално затоплување се 670 па дури и над 2000. Освен што е многу над ионака строгите европски стандарди за справување со климатските промени, оваа пумпа е високотемпературна, за разлика од претходните модели кои беа нискотемпературни и произведува 65 степени Целзиусови, вели Наумовски. „Ваилант произведува опрема која е енергетски ефикасна и еколошка, односно не ја загадува околината“, нагласи тој.

    За традицијата на германскиот Ваилант сведочи и оригиналното лого на компанијата на кое е претставен зајак кој излегува од велигденско јајце, едно од најпрепознатливите во Германија и пошироко, а за кое е врзана интересна историја: имено, сопственикот на фирмата, господин Јохан Ваилант во 1905 година, за време на Велигден, разгледувал списание во кое имало цртеж со празнична тематика, со зајак и велигденско јајце и толку му се допаднал што ги откупил правата за употреба на илустрацијата и ја претворил во лого на својата компанија. Низ годините, се разбира, дизајнот и на логото, како и на самите производи, се менувал, но и ден-денес зајакот, со модерен изглед, ве поздравува од јајцевидната рамка на логото на Ваилант.

    „Во Северна Македонија се активни околу 200 фирми со германски капитал, коишто вработуваат околу 20 илјади луѓе. Билатералната размена со Германија надминува 4 милијарди евра и според тоа, економската соработка на германија со вашата земја е далеку пред останатите држави, а за тоа свој придонес дава и компанијата Ваилант“, рече, меѓу другото на отворањето на претставништвото на оваа германска компанија амбасадорката Холштајн.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично