ПОВЕЌЕ

    Како еврото ја предизвика кризата во Грција?

    Време зa читање: 2 минути

    Постои неизбежен проблем кога една иста валута ја користат повеќе земји. Најпогодена од ова е Грција. Нејзината економија е во многу лоша состојба. Четвртина од населението е невработено и го носи овој висок долг на грб. Ако една држава има висока стапка на невработеност, тогаш таа земја ја прави својата валута поевтина со печатење дополнителни пари; тоа ги прави своите производи поевтини на светските пазари, и со тоа ја прави попривлечна туристичка дестинација за туристите, како и подобра финансиска клима за странските инвеститори кои ќе можат да добијат поволни цени.

    Но, ако невработеноста е навистина ниска, една земја сака да има скапа валута. Тоа ја зголемува куповната моќ на луѓето и ги намалува цените. И во Европа има голем број економии кои се навистина различни. Истата цена за еврото неможе да биде соодветна за Грција, каде што има стапка на невработеност од 25%, и да биде соодветна за Германија, каде стапката на невработеност е под 5%. 

    Еврото беше проект што Европа го постави од навистина политички причини. Тоа беше симбол на нивната решителност да имаат мир на континентот, но тие навистина не ја сфатија сериозно оваа економија. Така, Грција се приклучува на еврото во 2001 година и првично, таа функционираше одлично.

    Голем број на држави од европската унија и позајмија многу пари, но тоа не го смени фактот што нивната економија е многу послаба од некои други европски земји. Во САД, сиромашните држави како Кентаки, Мисисипи, Алабама, постојано добиваат пари од побогатите држави како Масачусетс, Калифорнија, Њујорк, преку системот на благосостојба и преку социјално осигурување. Но тоа не е случајот со Европа бидејки германците се подготвени да го поддржат сиромашниот германски народ, но тие не сакаат да го поддржуваат грчкиот народ со своите даночни долари. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично