ПОВЕЌЕ

    Драстичен пад на кинеските заеми

    Време зa читање: 2 минути

    По речиси една деценија амбициозен раст, Кина драстично ја ограничи програмата за заеми во странство, покажуваат новите истражувања.

    Износот на заемите одобрени од Кинеската банка за развој, и Банката за извоз на Кина, падна од врвот од 75 милијарди долари, во 2016 година, на само 4 милијарди долари минатата година, покажуваат податоците собрани од истражувачите на Универзитетот во Бостон, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

    Остриот пад се случува кога Кина ја преиспитува Иницијативата за појас и пат. Тоа е проект кој финансира и гради патишта, железници, пристаништа и други инфраструктурни проекти во повеќето земји во развој.

    Иницијативата се повеќе се критикува низ целиот свет за низа слабости, вклучувајќи заеми за земји со разнишани финансии и недостаток на транспарентност или студии за социјалното и влијанието врз животната средина на финансираните проекти, потсетува ФТ.

    Кевин Галагер од Центарот за глобален развој на Универзитетот во Бостон, кој ги собра податоците, рече дека трговската војна со САД е еден од факторите на драматични промени.

    Според неодамнешниот извештај на Институтот за развој во странство, Кина сега сфаќа дека нејзиниот пристап кон заеми е неодржлив, пишува ФТ.

    „Стариот модел, според кој интересите на кинеските компании и локалните елити имаат предност, носи непропорционален износ на ризик од неуспех на проектот, и може да стане уште понеодржлив поради намалената способност на државите да преземаат долгови и ризици“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично