Нова фома на виртуелни пари?
Колку Кина и да не ги поддржува крипто-валутите, воведува своја нова форма на виртуелни пари. Централната банка на Кина откри дека дигиталната валута на Кина по пет години работа и истражување е готова. Таа нема да наликува на крипто-валута, според извори од Банката, таа ќе има посложена структура. Како што објаснуваат од Централната банка, таа ќе има двостепена поделеност во вертикална структура – Централната банка на Кина на врвот и комерцијалните банки под неа. Оваа структура наводно ќе помогне во справувањето со кинеската економија и население земјаќи ја предвид нивната големина.
Меѓудругото, таа нема комплетно да се потпира на блокчејн (blockchain) којшто го формира костурот на криптовалутите. Едноставно, во текот на петте години истражување, не постоела можност да се изработи целиот систем за малопродажба со сите регулативи и потребни процеси. Се очекува земјата да ја искористи дигиталната валута за да создаде стабилност во економијата. Она што не е кажано во изјавата е датумот кога точно дигиталната валута ќе биде спремна за воведување.
Поделено мислење за дигиталната валута во Кина
Кај Кина постои мотивација да го искористи монетарниот формат порано отколку подоцна. Народот во Кина, со поделено мислење за дигиталната валута на Кина. Некои велат дека крипто-валутите создаваат неред и нарушување на економијата, каде се продава редовната валута за да се купи виртуелна. Кина, традиционално ствара отпор кон децентрализираните крипто-валути како што е Биткоин, и покрај тоа што е дом на едни од најголемите „рудници за копање“ на крипто-валути. Но, од друга страна, овој нов пристап на дигиталната валута, може да создаде стабилност.
Од она што е кажано, теоретски, преку новиот систем би можеле да се намалат трошоците околу циркулирањето на традиционалните банкноти, како и да се забрзаат дигиталните трансакции со дополнителна сигурност. Имено, Централната банка на Кина регистрирала и патент за дигитален паричник што ќе им овозможи на корисниците да заменат јуани за крипто-валути. Ова би и овозможило на Централната банка на Кина поголема контрола и следење на дигиталните плаќања. Не е ни чудо доколку кинеската влада би сакала да го контролира дигиталниот валутен систем во иднина. Изминативе години, Кина се обидуваше да ја зголеми својата независност од странската технологија. Ова може да биде и следниот логичен чекор на Кинеската влада по воведувањето на новата дигитална валута.