Бугарија нема да ги поддржи новите санкции на Европската унија против Русија доколку балканската земја не добие отстапување од предложената забрана за купување руска нафта, изјави доцна вчера вицепремиерот Асен Василев.
Владите на Европската унија во неделата се приближија до согласноста за строги санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, но за денес беа закажани повеќе разговори за да решат како да обезбедат земјите кои најмногу зависат од руската енергија да се справат со тоа. „Разговорите ќе продолжат денес и утре, можеби ќе треба средба на лидерите за да се заокружат. Нашиот став е многу јасен. Доколку има отстапување за некоја од земјите, сакаме да добиеме и ние такво отстапување“, Василев. изјави за националната телевизија БНТ. „Ако не, нема да ги поддржиме санкциите. Но, не очекувам да дојдеме до тоа, врз основа на разговорите во моментов“, рече тој.
Унгарија, Словачка и Чешка, кои немаат излез на море, кои во голема мера зависат од руската сурова нафта испорачана преку нафтоводите од советската ера, се соочуваат со предизвик да обезбедат алтернативни извори и побараа отстапување од забраната. Бугарија исто така побара отстапување.
Европската комисија во петокот предложи промени во своето првично планирано ембарго на руската нафта за да им се даде на трите земји повеќе време да ги префрлат своите енергетски резерви, додека на Бугарија не и беа понудени отстапки, рекоа извори од ЕУ.
Василев рече дека Бугарија, исто така, треба да добие отстапка, бидејќи на нејзината единствена рафинерија во црноморското пристаниште Бургас и требаше време да ги надгради своите капацитети за десулфуризација неопходни за да се префрли на преработка само на неруска сурова нафта.
Рафинеријата Нефточим Бургас, во сопственост на рускиот ЛУКОИЛ, е доминантен снабдувач на гориво во Бугарија, која е најсиромашна во 27-члениот блок. Во моментов половина од нафтата што ја преработува доаѓа од Русија. Неодобрувањето на исклучок за Бугарија или би претставувал сериозен еколошки ризик за регионот Бургас или ќе ја принуди рафинеријата за нафта да ја намали преработката, што би создало дефицит и дополнително ќе ги зголеми цените на горивото, рече тој.