Еурохаус, Комерцијална банка и Илирика Инвестментс се доминантни на домашниот пазар на капиталот, со зафаќање од 76,13 проценти од вкупниот промет и со тендеција за зголемување на сопственото влијание. На странските пазари најдобро е позиционирана Шпаркасе банка, преку која се реализирани 70,96 отсто од прометот. Податоците се однесуваат за резултатите од третиот квартал, анализирани во извештајот на Комисијата за хартии од вредност.
Вкупниот промет на берзата е 5.415.843.707,76 денари. За разлика од споредбениот период и тогаш забележаните 1.936.482.182,16 денари, има раст од 179,67%. Кумулативно, пак, од јануари до септември е реализиран промет од 13.179.771.458,56 денари, кој во однос на ланските 7.246.264.394,80 денари, претставува зголемување за 81,88%.
Во споменатата тројка најголем е уделот на Еурохаус – со 34,94%. Следува Комерцијална банка со 24,66% и Илирика Инвестментс со 16,53%. Тие преовладувале и минатата година во истиот период, кога во прометот учествувале со 72,36%.
Останатите овластени учесници имале скромен удел и лани и годинава.
Кај сите овластени учесници е забележано зголемување на прометот, наведено е во извештајот. Предничи Комерцијална банка со 314,59%. Потоа Еурохаус со 263,53%, а на третото есто е ТТК банка со 203,59%. Високи се процентите и кај Инвестброкер – 181,55%, НЛБ банка – 139,54%, Иново Брокер – 127,73%, Стопанска банка Скопје – 119,52%. Пониски се остварувањата на Илирика – 60,31%, Шпаркасе банка – 57,65% и на Фершпед Брокер – .43,50%
„Анализирајќи ги сумарно податоците за вредноста на реализираниот промет во првите девет месеци од 2024 година во однос на истиот период од претходната година се констатира зголемување на прометот од 81,88%. Трендот на зголемување на прометот е присутен кај сите учесници на пазарот со исклучок на Иново Брокер АД Скопје, која има пад од 54,70% на остварениот промет. Најголем пораст на прометот има ТТК банка АД Скопје од 195,97%, Комерцијална банка АД Скопје со 164,16%, Инвестброкер АД Скопје со 125,63%, Еурохаус АД Скопје со 122,60%, Фершпед Брокер АД Скопје со 111,70% итн“, пишува во кварталниот извештај на КХВ.
Од аспект на пазарните сегменти, прометот реализиран во класичното тргување има раст од 262,57%. Кај тргувањето преку блок-трансакции зголемувањето е за 54,19%. Исто така, во класичното тргување сите овластени правни лица имаат остварено поголем промет, а најмногу Комерцијална банка, каде што се забележани 467,26%. Еурохаус има раст од 433,90%, Шпаркасе банка од 358,64%, ТТК банка од 329,96%, Фершпед Брокер од 303,84%…
Во однос на реализираниот промет со блок-трансакции, зголемување има кај Инвестброкер и тоа за 494,77%, кај Еурохаус за 146,60% и кај ТТК банка за 24,64%. Намалување на прометот регистрирале Комерцијална банка од 77,71% и Илирика Инвестментс од 38,43%.
Бројот на берзанските трансакции е поголем за 151,73%. Гледано по брокерските куќи, од вкупно 12.244 трансакции – 3.151 или 25,74% се изведени преку Илирика Инвесментс. Не заостанува многу Комерцијална банка со 3.005 или (24.54%). Кај Еурохаус се забележани 1.803 трансакции (14,73%). Сите други учесници се со под 10%.
Што се однесува до активностите на странските пазари, прометот е во износ од 1.853.135.491,35 денари, додека лани бил значително понизок – 511.273.808,36 денари. Или, за една година има зголемување од 262,45%.
Учесници во тргување на странските пазари се Шпаркасе банка, Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка Скопје и Инвестброкер.
Податоците во кварталниот извештај на КХВ покажуваат дека позицијата на Шпаркасе банка е цврста. И натаму има најголем удел во прометот, со високи 70,96. Во вкупен промет Стопанска банка учествува со 8,93%, НЛБ банка со 7,83%, Комерцијална банка со 7,76% и Инвестброкер 4,53%.
Многу повеќе се тргува на домашниот, отколку на странските пазари, покажува анализата на КХВ: „Доколку се анализира прометот реализиран на странски пазари, наспрема реализираниот промет на домашниот пазар, може да се заклучи дека доминира тргувањето на домашниот пазар. Прометот реализиран на странски пазари во овој квартал учествува со 41% од вкупниот промет, но е на повисоко процентуално ниво во однос на третиот квартал од 2023 година, кога зафаќал учество од 35% во вкупниот промет“.
М.А.